Сандра од Бања Лука на 42 години го пронашла вистинскиот и за првпат стана мајка на 47 години - близнаците ѝ се најголема среќа

„Кога се нижеа негативни коментари од околината како ќе износам бременост на 47 години, мојот сопруг беше среќен, пресреќен и ми беше најголемата поддршка. Ми рече дека сум подготвена и дека физички сум поспремна и поспособна од многу жени кои се помлади од мене“, вели Сандра Поповиќ од Бања Лука.

srbinka-na-42-godini-go-pronashla-vistinskiot-i-za-prvpat-stana-majka-na-47-godini-dobi-bliznaci-so-nego-01.jpg

Приказната за Сандра Поповиќ од Бања Лука, Босна и Херцеговина, ќе биде инспиративна за жените кои со години ја водат тешката битка со неплодноста или, пак, не го пронашле вистинскиот и сметаат дека биолошкиот часовник им отчукува.

Таа вели дека вистинскиот маж за неа го пронашла на 42 години, останала бремена на 47 години и родила близнаци.

Сега, со своите близнаци, кои имаат 3 години, гостуваше во една емисија на телевизијата „ATV Бaња Лука“.

srbinka-na-42-godini-go-pronashla-vistinskiot-i-za-prvpat-stana-majka-na-47-godini-dobi-bliznaci-so-nego-02.jpg

Сандра со раѓањето на здрави близнаци, носи нова надеж и инспирација за сите дека мајчинството е можно во секој период од животот.

Сандра го опиша своето искуство од бременоста на 47-годишна возраст и откри дека имала породување по природен пат со близнаците Сара и Максим.

srbinka-na-42-godini-go-pronashla-vistinskiot-i-za-prvpat-stana-majka-na-47-godini-dobi-bliznaci-so-nego-04.jpg

srbinka-na-42-godini-go-pronashla-vistinskiot-i-za-prvpat-stana-majka-na-47-godini-dobi-bliznaci-so-nego-03.jpg

„Кога дознав дека сум бремена, бев во шок, но повеќе беше во шок моето опкружување.

По првичниот шок, околината беше немилосрдна. Луѓето си земаат право да коментираат сѐ и сешто.

Ми велеа дека нема да можам да ја износам бременоста“, вели Сандра за предизвиците со кои се соочила при бременоста.

srbinka-na-42-godini-go-pronashla-vistinskiot-i-za-prvpat-stana-majka-na-47-godini-dobi-bliznaci-so-nego-05.jpg

„На почетокот ми беше тешко. Сопругот ми беше најголемата поддршка.

Одлично ја поднесов бременоста, а докторите беа горди што заедно успеавме да ја изнесеме до крај“, вели таа и заклучува дека на Балканот сѐ уште сме прилично конзервативна средина за вакви прашања.

Видеото погледнете го ТУКА...

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Теа Таировиќ се омажи за возачот - познати Србинки кои ги заведоа своите вработени Љубовта не бира ни време ни место, ниту пак професионален ангажман, а неколкупоз...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Се возеше со папата на веспа, ги заведе Ал Пачино и Горан Бреговиќ - Која е првата старлета во Југос... Поради една вечера со Силвио Берлускони ѝ го припишаа падот на италијанската вла...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg