Ќерката на Харис Џиновиќ се фали со јахтата на очувот од 10 милиони евра - Позира во бањарка, објавува провокативни видеа
- Детали
- среда, 06 мај 2026
Џина сподели и видеа на кои во провокативна поза се снима во огледало во својата соба на јахтата, а потоа и видео каде во бел фустан, без градник, ужива во излегување во ноќен клуб и се движи по улица, но и овој пат не изостанаа провокативните пози.

Џина Џиновиќ, ќерката на Мелина и Харис Џиновиќ, по разводот на родителите застана на страната на својата мајка и ги залади и онака лошите односи со својот татко.

И додека Харис вели дека не знае каде е и што прави ќерка му, Џина ужива во благодетите што ѝ ги нуди животот откако мајка ѝ се омажи со британскиот милионер Џефри Пол Арнолд Деј.

Џина одамна живее во Монако, луксузно и на „висока нога“, но сега нејзиното секојдневие станува уште погламурозно.

Таа на ТикТок објави видео направено од неколку фотографии на кое се гледа како се подготвува за излегување - облечена во бањарка, со виклери на косата, како и фотки од јахтата на нејзиниот очув.

Според српските медиуми, јахтата на очувот на Џина вреди околу 10 милиони евра.

Таа сподели и видеа на кои во провокативна поза се снима во огледало во својата соба на јахтата, а потоа и видео каде во бел фустан, без градник, ужива во излегување во ноќен клуб и се движи по улица, но и овој пат не изостанаа провокативните пози.
