Ќерката Сашенка по смртта на Гоце Тодоровски: „Кога замина Ванчо, замина и дел од тебе - сега сте тандем и на оној свет“
- Детали
- понеделник, 27 јули 2026
„Го напушти овој свет, а ми вети... Срцето не издржа, престана да работи. Го реанимираа направија сè, престана да дише на кислород ставен, практично апаратурата го држеше. Не издржа бе татко, а невидена желба за живот...“, напиша ќерката на актерот во својата објава на Фејсбук.

Сашенка, ќерката на легендарниот актер Гоце Тодоровски, со емотивни зборови се прости од својот сакан татко, кој почина на 75 години.
Таа на Фејсбук откри дека тој починал, иако лекарите се обиделе да го реанимираат, но и дека сега повторно ќе се најде со својот најдобар пријател, кум, со својата втора половина, Ванчо Петрушевски, на другиот свет, па и таму ќе бидат тандем, како и овдее.

Скршена од болка, Сашенка напиша:
„Го изгубивме, се предаде Гоце Тодоровски, почина.
Фамилија Тодоровски ја објавува најтажната вест после голема борба. Го напушти овој свет, а ми вети...
Срцето не издржа, престана да работи.. го реанимираа направија сè, престана да дише на кислород ставен, практично апаратурата го држеше.

Не издржа бе татко, невидена желба за живот...
Лесна ти земја татко мој вешен непребол. Душата не умира, а телото е премногу истрошено. Сега летај со ангелите...
Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе - остана без една половина.
Иако пензионирани, не се помири и готово! Крај! Сега барем знам дека сте заедно, тандем на овој, па и на оној свет“.

Освен ќерката, актерот го има и синот Гоце.
А. Ј. | Црнобелo