Плажата е преполна со луѓе кои се бањаат, сезоната во Грција почна – Како изгледа Калитеа деновиве? (видео)
- Детали
- петок, 22 мај 2026
Летната сезона на грчките плажи е официјално отворена – на Инстаграм кружи видео на кое се гледа преполна плажа во Калитеа, со луѓе кои се сончаат, па дури и се изгорени, а голем дел, меѓу кои и деца, се бањаат во кристално чистото море. Ќе одите ли вие некаде викендов?

Ако ве интересира како е во Грција, посебно на Халкидики за продолжениот викенд, бидете сигурни дека е вистинско лето.
На социјалните мрежи, поточно на Инстаграм профилот на Никана, е објавено видео од атмосферата на плажата во Калитеа, на првиот крак.
На видеото се гледа дека плажата е преполна со луѓе кои лежат на лежалки, се сончаат, па дури и се изгорени од сонце, но има и такви кои шетаат во папучи и чорапи.

Морето е очигледно пријатно за бањање и за оние кои не се толку храбри, бидејќи голем дел од посетителите уживаат во кристално чистата вода, па дури и деца.
Видеото е направено вчера (21.05.2026), а од Никана велат дека температурата на водата моментално е околу 18-19°C.
Изгледа дека официјално, летото започна во грчките туристички места.
Погледнете ja атмосферата во Калитеа:
M. M. | Црнобело