Туристи во Грција добија казна од 250 евра за користење СУП даска без елече за спасување
- Детали
- четврток, 16 јули 2026
Вирално се шири видео од туристи кои добиле казна од 250 евра за веслање со СУП даска без елече за спасување на грчкиот остров Лемнос – има законски правила и за тоа колку луѓе смеат да бидат, на какви временски услови може да се весла и до која далечина од брегот. Сте ги знаеле ли?

Во последниве неколку години, СУП даските станаа многу популарни на летните одмори, како кај возрасните, така и кај децата.
Додека искусните ги користат за веслање во длабочините на морето, децата често ги користат за игра и забава, најчесто со надзор од возрасни.

Но, дали сте знаеле дека СУП даската не е само реквизит како обичниот душек, туку дека постојат правила за користење исто како за кану/кајак?
На ТикТок деновиве вирално се шири видео од туристи на островот Лемнос во Грција, кои објавија снимка дека добиле казна од 250 евра за не носење елече за спасување.

На снимката пишува:
„Внимание! Казна од 250 евра на Лемнос, за не носење на елече за спасување. Немавме поим дека е задолжително и не добивме никакво предупредување“.
@maryvonnetr #fyp #foryou #fypppppppppppppp #greece #limnos
♬ πρωτότυπος ήχος - 🧿Ευγενία👑
Снимката ја споделуваат и повеќе грчки и српски медиуми, повикувајќи се на нивното тврдење, иако никој претходно не бил запознаен дека воопшто постои ваков закон, па не е ни потврдено дали навистина е во важност секаде, или можеби во нивната ситуација имало и други прекршоци за што биле казнети.
Сепак, за грчките медиуми од Грчката асоцијација за спасување, во минатото имаат изјавено:
„Основното правило е дека е дозволено со СУП даска да се оддалечите најмногу до 500 метри од брегот.
Забрането е да се користи СУП на лошо време, во ноќ, или со повеќе луѓе отколку што даската дозволува.
Корисниците исто така треба да носат елечиња за спасување, но тоа ретко го гледаме“.

Па така, би било добро да бидете претпазливи при користење на овој реквизит, а за да бидете сигурни, распрашајте се кај надлежни или кај спасувачите на плажа, дали постои таков закон за елече.
Грчките медиуми пренесуваат дека освен користењето на елечиња за спасување, други правила кои важат за СУП даска, се и следниве:
- Забрането е да се користи од луѓе кои не знаат да пливаат
- Забрането е користење од лица под 15 години
- Не смее да се користи на повеќе од 500 метри од брегот
- Смее да го користат само точен број на лица колку што се одредени според производителот
- Активноста е дозволена само преку ден
- Забрането е да се користи во лоши временски услови
- Корисниците треба да се движат на начин на кој нема да ги вознемируваат ниту да ги стават во опасност останатите
М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com