„Апокалипса“ во Хрватска по врнежите од снег и силниот ветар – откорнати дрвја, затворени училишта (фото+видео)
- Детали
- петок, 27 март 2026
По обилните врнежи од снег, денес Хрватска, особено Загреб, се соочува со силен ветар кој предизвикал сериозна материјална штета. Има многу откорнати дрвја, на некои места има забрана за товарни возила, а има и училишта во кои наставата е откажана.

Додека ние се надеваме на сончево и потопло време, во Хрватска се случува „апокалипса“.
Поголемиот дел од државата го зафати невреме – покрај силните ветришта, на некои места заврна и снег.
Како што пренесува хрватски медиум Jutarnji list, вчера (26.03) некои граѓани се разбудиле и со пораки за предупредување за временски непогоди.
Снегот и обилните дождови беа најавени вчера наутро, а до денес е пријавена и материјална штета.
Во Загреб, пак, синоќа почнал да дува силен ветер, кој продолжил и утрово, а на социјалните мрежи и хрватските медиуми се споделуваат и фотографии од направената штета.
Поради силниот ветар и наносите од снег, на некои области во Хрватска има забрана за товарни возила, а во некои училишта наставата е откажана.
Фотографии и видеа од „апокалипсата“ во Хрватска:
Спирова С. | Црнобело
