Марија Шерифовиќ беше на Бали со полубратот Данијел, кој татко ѝ го добил од вонбрачна врска со друга жена
- Детали
- недела, 19 април 2026
Во една пригода Марија Шерифовиќ откри дека родителите долго криеле од неа дека има полубрат со кого заедно одат во училиште, за кого нe знаела, затоа што тој не го носел презимето на нејзиниот татко. Сега, се блиски и заедно уживаа на одмор на Бали.

Марија Шерифовиќ изминатиот период уживаше на Бали, од каде повремено објавуваше фотки и видеа, а откри дека со неа е и мајка ѝ Верица, како и синот Марио.

Но, на ова патување беше и полубратот на пејачката, музичарот Данијел Павловиќ, како и нејзината верна пријателка, пејачката Јована Пајиќ.
Данијел објави низа фотографии оттаму, а на една од нив е со Јована, која е целосно без шминка, се релаксираат со пијалак и во добра атмосфера.

Данијел сподели и колку е благодарен за можноста да ужива на вакво место.
Инаку, познато е дека Марија полубратот Данијел го добила од вонбрачната врска на татко ѝ со друга жена.


Таа откри дека родителите долго криеле од неа дека има полубрат, а дека тоа најверојатно ѝ го открила Драгиња, бабата на Марија по татко ѝ.

Пејачката вели дека било вистински шок да дознае дека има полубрат со кого заедно одат во училиште, за кого нe знаела, затоа што тој не го носи презимето на нејзиниот татко.

