Почина вдовицата на Халид Бешлиќ, 8 месеци по смртта на пејачот - Синот се прости со емотивни зборови
- Детали
- вторник, 02 јуни 2026
Со црнобела фотографија од двајцата родители, направена во болница и една од последните заеднички семејни фотки, синот на Халид Бешлиќ се прости од својата мајка.

Сејда, жената која кралот на босанските севдалинки, Халид Бешлиќ, ја сакаше скоро целиот свој живот, почина вчера (01.06), осум месеци по неговата смрт.

Таа, почина по долго и тешко боледување, а ако што пишуваа медиумите лани во октомври, таа била во болница на лекување во исто време со нејзиниот сопруг и тогаш во прв момент поради болеста не ѝ кажале дека Халид починал.

Сејда и последниот месец била во болница, рекол менаџерот на Халид за медиумите и додал дека синот Дино, тешко го поднел нејзиното заминување, особено што тој неодамна го загубил и својот татко.

„Мајко моја, ви останав јас сам. Ве сакам многу“, напиша тој на Инстаграм Стори и објави црнобела фотографија со двајцата родители, направена во болница и една од последните заеднички фотки.

Сејда, пак, со децении му беше најголема поддршка на сопругот и во јавноста беа пример за долготраен брак, пример за меѓусебно почитување и верност.

А. Ј. | Црнобело