Синот на Лепа Брена пече леб и спрема казан со чварки – Подготовки во луксузниот дом за славење Св. Архангел Михаил

Помалиот син на Лепа Брена и Бобо, Виктор, секогаш помага во подготовките за куќната слава која ја празнуваат вечерва и е задолжен за виткање сарми - оваа година тој објави фотки од огромен леб кој го печел во фурната во луксузниот двор, но покажа и дека се спремаат домашни чварки и колбаси. 

sinot-na-lepa-brena-peche-leb-i-sprema-kazan-za-sarma-podgotovki-vo-domot-za-slavenje-sv-arhangel-mihail-01.jpg

Св. Архангел Михаил (21.11) е еден од најголемите верски празници во Србија, а меѓу многуте кои го празнуваат овој светец e и Лепа Брена.

Балканската ѕвезда и нејзиниот сопруг, Боба Живојиновиќ, секоја година го полнат својот дом со најблиските пријатели, меѓу кои и многу познати личности од естрадата, па се слави и пее до доцна во ноќта.

Трпезата секогаш им е богата, а помалиот син Виктор, секогаш е главен помошник во кујна неколку дена пред славата.

Тој секоја година е задолжен за сармата и објавува фотки откако ќе ја завитка и нареди.

sinot-na-lepa-brena-peche-leb-i-sprema-kazan-za-sarma-podgotovki-vo-domot-za-slavenje-sv-arhangel-mihail-02.jpg

Оваа година Филип уште не ја покажа сармата, но вчера покажа дека подготовките почнале во домот на пејачката.

Погледнете и Помошна куќа за персонал, турска бања - Како е уреден луксузниот дом од 2,5 милиони евра на Лепа Брена?

Тој извади огромен леб кој веројатно се печел во домашната фурна во луксузниот двор, покажа дека се крчка месо во казан веројатно за чварки, но и дека се подготвуваат домашни колбаси.

sinot-na-lepa-brena-peche-leb-i-sprema-kazan-za-sarma-podgotovki-vo-domot-za-slavenje-sv-arhangel-mihail-04.jpg

sinot-na-lepa-brena-peche-leb-i-sprema-kazan-za-sarma-podgotovki-vo-domot-za-slavenje-sv-arhangel-mihail-03.jpg

sinot-na-lepa-brena-peche-leb-i-sprema-kazan-za-sarma-podgotovki-vo-domot-za-slavenje-sv-arhangel-mihail-05.jpg

sinot-na-lepa-brena-peche-leb-i-sprema-kazan-za-sarma-podgotovki-vo-domot-za-slavenje-sv-arhangel-mihail-06.jpg

Фановите секогаш му коментираат дека е голем домаќин и дека мајка му сигурно се гордее со него.

Инаку Виктор неодамна беше актуелен во српските медиуми заради раскинувањето со неговата девојка, водителката Софија Спасовиќ, со која наводно Брена била во добри односи.

Прочитајте и Факти за љубовта на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ - „Истата вечер кога ја запознав, реков дека ќе се оженам за неа“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Лепа Брена има јахта од 6.000.000€, Владо Георгиев платил 100.000€ за својот крузер - Скапите пловил... Брена и Боба имаат две јахти - ја купиле поголемата јахта за 6 милиони евра, а с...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Лепа Брена: „Се чувствувам светски затоа што можам да одам каде било - Боба не ми забранува ништо“ „Важно е да имате вистински партнер во животот... Боба и јас сме компатибилни, и...
На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
Кумот на Лепа Брена и Боба е милијардер, кој има 35 деца - Кој е најбогатиот Романец со прекар „Гроф... На Брена и Боба најбогатиот Романец им подарил автомобил за свадбата, а познат е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg