Модни комбинации со панталони што ѝ одговараат на секоја жена - Како да ги носите оваа есен?
Со доаѓањето на есента, дождот и студеното време, лесните фустани ги заменуваме со подебели здолништа или панталони.

А токму панталоните, во сите свои форми, ќе бидат хит оваа сезона.
Во продолжение погледнете идеи за неколку модни комбинации, кои ќе ве инспирираат како да ги носите панталоните во есен 2025:
Долги, рамни панталони, со фалти на половината
Одлично се комбинираат со патики или чизми на висока потпетица на нозете, а по желба можете да носите палто, капут, јакна или бунда.


Панталони со широки ногавици
И овие панталони се комбинираат одлично со патики, а може да ги носите и со чизми со висок ѓон.
Врз нив можете да облечете широк плетен џемпер или маичка по кратки ракави, а како заокружување на изгледот изберете мантил или кожена јакна.


Црни панталони
Без оглед на кројот (широки, тесни, со висок или низок струк), црните панталони се евергрин.
А можностите за комбинација, како и секоја сезона зависат само од вас, но стилистите препорачуваат да носите парчиња во црна боја, сива, крем-златна или кафеави тонови и бордо.


Кожени панталони
И овие панталони скоро никогаш не излегуваат од мода, а оваа есен препорачливо е да се комбинираат со чизми со висок гумен ѓон или патики за полежерен изглед или класични чевли за поелегантен стил.
Притоа, овие панталони, кои се најчесто тесни, одлично се комбинираат со широки јакни и капути, но и со палто во истата боја.


А. Ј. | Црнобело
