Верица од Струмица, македонската Барби: „Сопругот ми вели ‘како сакаш душо’, на патувања си ангажирам фотограф по 2-3 часа“
- Детали
- четврток, 25 јуни 2026
„Кога патувам, не сакам да оптоварувам никого да ме фотографира... Затоа однапред закажувам фотограф за 2–3 часа и менувам 8–9 комбинации на облека“, вели Верица Китанова (27) и споделува детали за животот со саканиот, кој ја запроси во Дубаи, а дом ќе им биде Велика Британија.

Верица Китанова од Струмица, која поради русата косата и тенкиот струк го носи прекарот „македонската Барби“, во декември 2025-та беше запросена на јахта во Дубаи од саканиот, чиј идентитет не го открива, а сега со свршеникот живее на релација Лондон – Дубаи.

Верица на тема нејзини омилени светски дестинации вели:
„Бидејќи Дубаи и Лондон буквално ми се како дом, следните омилени ми се Бали и Малдиви.

Секогаш сме пресреќни кога повторно одиме таму.
Имам уште 30 држави на мојата листа на желби, но се надевам дека конечно Америка ќе одлучи дека е време да ми одобри туристичка виза, за да можам да исполнам барем дел од моите желби“.

На тема како ѝ оди брачниот живот, Верица вели:
„Многу сум среќна, но и исцрпена! Оваа година беше планирана за да се омажам, да изградиме нов стан во Скопје, да се преселиме во Велика Британија и да направиме свадба од соништата.
Стигнавме до половина од плановите!

Сè ќе беше многу забавно доколку не бев толку голем перфекционист и контрол-фрик. Главата ќе ми експлодира! Но, многу сум млада и способна, па успевам да држам сè под контрола.

Мојот сопруг е многу опуштен и само ми вели: „Како што сакаш, душо“, и фала му на Бога за тоа, затоа што јас сум доволно комплицирана за двајцата.

Се надевам дека ќе ги исполнам сите свои очекувања како невеста, бидејќи најстрога сум кон самата себе...
Засега планирам да имам две венчаници“.
