Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите вас“

„Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна оваа болка... Наминаа и 7 месеци од трагедијата во Кочани. Македонија повторно заплака“ - пишува во описот на видеото од наши млади деца кои ја пеат „Громови на душа“ во соба полна со постери од Тоше Проески и од Ѓорѓи, тапанарот од ДНК, кој почина во пожарот. 

mladi-deca-od-strumica-ja-svirat-i-peat-gromovi-na-dusha-dnk-ja-peeja-za-toshe-a-sega-nie-za-site-vas-01.jpg

Ана Касапова, Јован Филев, Симона Петрова и Мартина Митева се наши млади деца од Струмица со талент за музика и полни со емоции.

На 16-ти октомври, денот кога Македонија и регионот тагува веќе 18 години заради загубата на Тоше, а денес и за испраќањето на Панчо од ДНК во вечното почивалиште, тие објавија емотивно видео.

Собрани се во една соба, полна со постери од Тоше и од Ѓорѓи Ѓорѓиев од Струмица, тапанарот од ДНК, каде ја свират и ја пеат песната на нашиот Тоше, „Громови на душа“, која честопати и Андреј и Панчо од ДНК на своите настапи ја изведуваа во чест на прерано починатиот ангел.

Сега, тројцата се заедно, на некое подобро место, а нашите млади таленти во нивна чест ја отпеаја песната.

Во видеото кое Ана Касапова го објави на Фејсбук пишува:

„16.10.2007

Ден што боли и ден што потсетува.

Во 2007 година токму на овој ден секоја една душа заплака, затоа што замина Тоше - замина човек со добрина во срцето, со топлина во душата, лик на човечноста.

Тоше Проески, тој со насмевката што лечеше, со срце што љубеше, во чии очи имаше само вера, надеж и љубов.

„Од небо нек се спуштат и громови на душа само да ти слушнам глас”

Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата, од болката која не поминува, од копежот што не може да се смири.

И како да не беше доволна оваа болка...

Наминаа и седум месеци од трагедијата во Кочани.

Македонија повторно заплака,

а Кочани градот што замолкна.

Во миг исчезнаа соништа, насмевки, животи...

И со последните испеани песни, со последен здив - остана само тишината.

А сега веруваме дека продолжија на друга сцена.

Каде што нема крај.

А покојниот Панчо со стиховите и неговите зборови посветени на Тоше:

„Кога некој ќе замине од овој свет знаеме дека останува со нас, но за вечно да живее треба да го споменуваме него”.

А сега ние ве споменуваме сите вас Ангели наши!

И да знаете никогаш нема да бидете заборавени, бидејќи на нас остана да ве споменуваме.

А „Громови на душа” е посветена секогаш од ДНК за Тоше, а сега од нас за сите вас.

Вашата музика сѐ уште одекнува,

Вашата добрина сѐ уште лечи,

А вашите имиња наша гордост.

Никогаш заборавени“.

Погледнете го видеото: 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други... „Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...

Најчитани неделава