Денес се празнува Св. Антониј, светецот кој штити од лудило и ѓаволот

Денес, 30 јануари во православието се слави Св. Антониј Велики, светецот за кој се вели дека е заштитник од ѓаволот и лудилото. На овој ден именден празнуваат Антон, Антоние, Андон, Антоанета, Антонио, Доне, Дончо, Донка, Тони...

denes-se-praznuva-sv-antonij-svetecot-koj-shtiti-od-ludilo-i-gjavolot-01.jpg

Свети Антониј е роден 251 година во село Кома, Египет.

Потекнува од благородничко семејство, а по смртта на неговите богати родители, кога имал само 20 години, решил да го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижил кај нивни роднини, а својот дел од имотот  им го дал на сиромашните.

Се вели дека тоа го направил откако еден ден во црква ги слушнал зборовите: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди продај го имотот и раздај го на сиромасите и ќе имаш ризница на небото, па дојди и врви по мене“.

Во текот на својот долг живот, направил многу подвизи, а особено се истакнал во борбата против еретиците.

По молба на Св. Атанасиј, ја посетил Александрија за да помогне во борбата против еретиците на Ариј кои биле силни.

denes-se-praznuva-sv-antonij-svetecot-koj-shtiti-od-ludilo-i-gjavolot-03.jpg

Неговото пристигнување во главниот град предизвикало големо внимание. Многу пагани дошле да го видат, а многумина сакале и да го допрат поради неговата слава.

Се вели дека токму тогаш и поради него многу пагани го прифатиле христијанството.

Иако не знаел грчки, ни латински, туку само египетски, водел кореспонденција со Св. Константин Велики и го бранел Св. Атанасиј Велики од клеветите на непријателите.

Бил строг и кон неправедните судии и им го споменувал Страшниот суд, како и нивната должност да бидат милостиви и справедливи.

Се вели дека тој ги штити луѓето од ѓаволот и лудилото.

denes-se-praznuva-sv-antonij-svetecot-koj-shtiti-od-ludilo-i-gjavolot-02.jpg

Тој бил воспитувач на воспитувачите и учител на учителите - цели 85 години се преобразувал себеси за да може да ги преобразува и другите.

Доживеал длабока старост - починал на 105 години.

Кога го почувствувал својот крај, на двајцата негови ученици им оставил завет да го погребаат тајно за луѓето да не го знаат местото на неговиот гроб.

Починал на 17 јануари 356 година.

На овој ден именден празнуваат Антон, Антоние, Андон, Антоанета, Антонио, Доне, Дончо, Донка, Тони...

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg