Како изгледа денес внукот на Тоше Проески?
- Детали
- петок, 19 декември 2025
На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук Кристијан. Тој го носеше секаде со себе, а со него отпеа и дует. Денес Кристијан порасна во прекрасно момче, вљубено во музиката, исто како неговиот непреболен вујко.

Кристијан Ристески денес е во 20-тите години од животот. Тој го избра Факултетот за аудиовизуелни уметности во Скопје како своја животна насока, а вљубеник е во музиката.

Омилена музика му е рок, а веќе има искуства и соработки и со некои познати продуценти, по стапките на неговиот вујко.

Инаку, Тоше Проески ја отпеа песната „Му Little One“ како дует со Кристијан уште кога тој беше навистина мал.
Дека Кристијан не го заборавил својот вујко, кој буквално го обожаваше, доказ се и фотографиите со него, направени во детството, што ги објавува на својот Инстаграм профил.



Повеќе фотографии од Кристијан:



С. С. | Црнобело
