Сопругот на Антониа Гиговска наполни 28 години – таа го изненади со торта со „Џокер“, најголем подарок му е синот
- Детали
- среда, 01 октомври 2025
„Мојот животен поклон, мојот НАСЛЕДНИК“ - напиша Роберт Спасенцовски на фотографија со синот Киан, а пак сопругата Антониа, сподели фотка од него полугол, како позира со роденденска торта со ликот на Џокер, по повод 28-иот роденден.

Музичарот Роберт Спасенцовски, кој настапува под името Џокер, денес го слави својот роденден.
Тој наполни 28 години, а неговата сопруга, Антониа Гиговска, по тој повод го изненади со роденденска торта со ликот на Џокер и карти.
На објавата што таа ја сподели на Инстаграм Стори, Роберт позира полугол и го покажа неговото фит тело, а пејачката само напиша 28 со емотикон срце и конфети.

Џокер и самиот си сподели фотографија од себе со синот Киан во автомобил и напиша:
„Мојот животен поклон, мојот НАСЛЕДНИК“.

Потоа тој објави и кратко видео на кое се снима како самиот си ја пее песната „Happy Birthday“.

Инаку, покрај работните ангажмани, Роберт обожава да минува време со својот наследник, кој со Антониа го добија во 2023.
Честопати на својот Инстаграм профил споделува шеговити моменти со синот, а покажа дека и на Киан понекогаш му прави иста фризура како својата, за да биде целосна негова копија.

Прочитајте и Роберт Спасенцовски - Џокер за татковството: „Се усовршив да сменам пелена за 6 секунди“
М. М. | Црнобело
