Бајковито запросување на македонската Барби на јахта во Дубаи (фото)
- Детали
- сабота, 20 декември 2025
„Запросувањето се случи во Дубаи, а прославата продолжи на Малдиви. Бевме во врска година и 4 месеци и иако не можев да предвидам кога точно ќе се случи моментот, уште од самиот почеток беше јасно дека заедно градиме иднина“, вели Верица Китанова од Струмица за CRNOBELO.com.

Долгоногата русокоса убавица Верица Китанова од Струмица, која поради русата косата и тенкиот струк го носи прекарот „македонската Барби“, беше запросена на јахта во Дубаи од саканиот, чиј идентитет не го открива.
Таа за CRNOBELO.com открива само дека нивниот заеднички живот го градат во Лондон, паралелно со активните професионални ангажмани.
Верица за запросувањето за CRNOBELO.com вели:
„Пред запросувањето бевме во врска една година и четири месеци — период исполнет со заеднички раст, патувања и длабока поврзаност.

Запросувањето се случи во Дубаи, а прославата продолжи на Малдиви, во атмосфера на мир и интимност.

Иако не можев да предвидам кога точно ќе се случи моментот, уште од самиот почеток беше јасно дека заедно градиме иднина.

Од првиот миг кога се запознавме, разговорите секогаш беа насочени кон она што следува.

Со оглед на тоа што нашиот живот постојано е во движење, тајмингот остана негова тајна.

Подоцна дознав дека го подготвувал запросувањето речиси четири месеци, а прстенот беше изработен и специјално дизајниран за мене, со внимателно избрани детали.