Наша стјуардеса за напуштањето на Дубаи: „Со авионски лет отпатував за Бали, но застанавме да полниме гориво во Оман“
- Детали
- среда, 18 март 2026
„Летот беше половина празен, сè беше во ред, освен тоа што требаше да застанеме во Оман да наполниме гориво, затоа што во Дубаи немаше доволно поради танкерот што го погодија утрината“, вели Ана Колевска од Скопје, која живее во Дубаи и отпатува за Бали.

Ана Колевска од Скопје години наназад работи како стјуардеса во Дубаи.
Таа за CRNOBELO.com вели дека кај неа на работа е хаос поради конфликтот помеѓу Иран и САД и Израел, како и ракетните напади од Иран кон американските бази во Дубаи.
Aна со денови престојуваше во нејзината куќа во Дубаи, која се наоѓала на само 20 минути од американска база, но сега со помош на својaта матична авиокомпанија успеала да пронајде пристапен авионски билет за Бали и отпатувала таму со другарките, на страна од целиот хаос во Дубаи, кој уште трае.
Токму на денот на нејзиното полетување бил погоден танкер, па авионот морал да застане за гориво во Оман.

Ана кратко за CRNOBELO.com од Бали вели:
„Летот беше половина празен, сè беше во ред, освен тоа што требаше да застанеме во Оман да наполниме гориво, затоа што во Дубаи немаше доволно поради танкерот што го погодија утрината.


А зошто токму Бали? Јас секако имав план да одам, ама се одложи затоа што почна војната.

Имам другарка што работи во Емирати, па ми најде staff ticket, така што тоа ми беше најевтина опција за карта некаде да летам, бидејќи за сè друго цените се превисоки.

Планирам да бидам тука минимум 2 седмици, ама ако продолжи ситуацијата во Дубаи, можеби ќе останам и подолго, затоа што навистина тензично ми стана во Дубаи со стрес и негативни вести по цел ден.
