Наша актерка од МНТ искрено порачува: „Сакам луѓето во театар секогаш да дојдат дотерани“

„Секогаш сакам луѓето во публиката да дојдат дотерани. Значи, не одиме во тренерки во театар... Тоа е првиот знак дека ја почитуваш уметноста и тоа што некој го направил за тебе“, вели Наталија Теодосиева, една од нашите најуспешни актерки од помладата генерација.

nasha-akterka-od-mnt-sakam-lugjeto-vo-teatar-sekogash-da-dojdat-doterani-01.jpg

Актерката Наталија Теодосиева (35), родена во Кочани, гостуваше во подкастот „Што го врти светот” на Јована Аврамовска, што се емитува на Телма телевизија, секоја недела од 17 часот.

Таму таму проговори на многу теми поврзани со театарот.

Инаку, Наталија е театарска, филмска и телевизиска актерка и е една од поистакнатите претставнички на помладата генерација актерки во Македонија.

nasha-akterka-od-mnt-sakam-lugjeto-vo-teatar-sekogash-da-dojdat-doterani-02.jpg

Таа покрај низа театарски претстави, има остварено улоги во повеќе македонски и меѓународни филмски проекти, меѓу кои се вбројуваат: „Врба“, во режија на Милчо Манчевски и „Најсреќниот човек на светот“, во режија на Теона Стругар Митевска.

Инаку, за театарот Наталија вели: „Мислам дека е многу интересно во животот да набљудуваш некој туѓ живот, а тоа е публиката во театарот“.

Потоа, на прашањето од Јована: „Како ти го замислуваш идеалното искуство на одење во театар и публика во МНТ?“, Наталија сподели дека би сакала публиката да доаѓа дотерана и со тоа да покаже почит кон уметноста.

Наталија на оваа тема вели:

„Па, секогаш сакам прво да дојдат дотерани. Значи, не одиме во тренерки во театар...

Тоа е првиот знак дека ја почитуваш уметноста и тоа што некој го направил за тебе.

Публиката прво што треба да доживее во театар е чувството на задоволство пред сè и тоа е на некој начин привилегија.

Ние сме 100% во моментот додека ја изведуваме претставата, 100% сме спонтани и ние на некој начин ги доживуваме одново работите и на некој начин работите стануваат наши лични.

И големо е задоволството да го гледаш тоа“.

Кликнете на видеото:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
„Ти си мое сè, секогаш има некој покрај тебе принцу мој“ – Перо Антиќ и Ружица со емотивни објави за... За 13-тиот роденден на средниот син Павел, Ружица објави емотивно видео во кое п...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...
Елена Ристеска скршена од болка: „Ах бре Пане, не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина“ „Не знаев дека волку ќе боли како за роден брат! Ми беше брат кој никогаш го нем...

Најчитани неделава