„Ти си мое сè, секогаш има некој покрај тебе принцу мој“ – Перо Антиќ и Ружица со емотивни објави за роденденот на синот Павел
- Детали
- среда, 19 ноември 2025
За 13-тиот роденден на средниот син Павел, Ружица објави емотивно видео во кое покажа дека секогаш ќе го гледа како мало момче иако пораснал, а Перо напиша: „Ти си мое сè и затоа ти посакувам се најдобро во животот сине сине мој, те сака тато“.

Перо Антиќ има три сина од бракот со Ружица Максимовска, кој траеше 13 години, до 2019-та.
Лука е најстариот и веќе е полнолетен, најмалиот е Петар, а средниот Павел, денес го слави својот 13-ти роденден.
По тој повод неговиот татко објави серија фотографии со него низ годините, а во описот напиша:
„Ти си мое сè и затоа ти посакувам сè најдобро во животот сине мој.
Патот кон среќата да ти е чист како солза секогаш и знај дека секогаш има некој покрај тебе, принцу мој!
Среќен роденден Паполито мој, те сака тато!“.
Ружица пак, за роденденот на синот објави слатко видео во кое споредува колку тој пораснал, но признава дека секогаш ќе го гледа како своето мало момче колку и да порасне.
„Среќен роденден Павел, официјално тинејџер!“
Повеќе фотки кои Перо ги објави за роденденот на синот:





М. М. | Црнобело
