Мартин (36) од Скопје: „Роднина на улица ме праша дали сум се средил - Не, не се оженив и немам деца“

„Како си ти, се среди ли?“ - Ова беше прашањето што го добив завчера од еден човек на улица, пензионер, подалечен роднина ми го постави. „Се среди ли?“ значеше дали сум се оженил и дали имам деца. Во ликот му се виде благо разочарување кога му одговорив негативно...“, ја започнува својата приказна Мартин Јовановски од Скопје.

martin-36-od-skopje-rodnina-na-ulica-me-prasha-dali-sum-se-sredil-ne-ne-se-ozheniv-i-nemam-deca-01.jpg

Мартин Јовановски од Скопје, работи како овластен сметководител, а ја има напишано и книгата „Зошто јас? Мојата борба со стравовите и паничните напади“, во која открива како успешно се има справено со паничните напади и неоснованите стравови.

Toj на својот Фејсбук профил отворено зборува за многу теми, а сега раскажа случка за осуда која ја доживеал од страна на негов роднина, ситуација со каква многумина се соочуваат кога станува збор за нивните животни избори.

Неговата исповед:

„Како си ти, се среди ли?“ - Ова беше прашањето што го добив завчера од еден човек на улица, пензионер, подалечен роднина, човек што го немам видено барем 7-8 години.

„Се среди ли?“ значеше дали сум се оженил и дали имам деца. Во ликот му се виде благо разочарување кога му одговорив негативно.

Со едно прашање ме испраша, без право на одбрана ме прогласи за виновен и се разочара.

Се поздравивме и си заминав.

Во неговиот свет, со неговите норми и правила, јас сум несреден човек и живеам несреден живот. Имам 36 години, а не сум женет и немам деца.

Можев да пробам нешто да докажувам, ама си реков батали, секако е џабе.

Што и да кажам, од неговиот суд ослободителна пресуда не добивам.

Си размислувам веќе втор ден, си велам, која е таа потреба, кој е тој порив што би ме натерал да поставам некому такво прашање?!

Особено на човек што не го познавам, што сум го видел 3-4 пати во животот?

Се среди ли?

А во погледот урлаат дополнителните прашања...

Зошто си уште несреден?

До кога планираш вака?

Дај да ти ѕирнам дома, во интимата, во врските. Дај да ти ѕирнам во најскриеното, во креветот, под ќебето...

Тоа е тој балкански менталитет, таа пештерска заостанатост, некултура, невоспитаност, гордост на својот примитивизам и нескротливи, екстремно сељачки нагони.

И доволно е на темава, да не разврзувам.

Искрено, за крај... Многу сум горд на себе што никого во животот не сум го прашал „Се среди ли?“.

Што животот за мене е повеќе од комплекс и фрустрации.

Благодарен сум што таков нагон не сум почувствувал, ниту ме водел некогаш низ животот.

А не сум лут.

Од однесувањето на луѓето само учам.

И благодарение на тоа само се потсетувам каков не сакам да станам никогаш во животот“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Ирена, мајка на 3 деца, од кои едно со аутизам: „Син ми ми кажа: ‘Јас не сум аутистичен. Јас сум нор... „Денес Кан ми рече: „Јас не сум аутистичен. Јас сум нормален“. И не го поправив,...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg