Елена Ристеска скршена од болка: „Ах бре Пане, не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина“
- Детали
- вторник, 14 октомври 2025
„Не знаев дека волку ќе боли како за роден брат! Ми беше брат кој никогаш го немав! Со кого сега да се смеам, кога нашите шали само ние си ги разбиравме? Со кого сега да седам на клупи во маало и да си зборувам со саати?“ - Елена Ристеска со тага се потсетува на моментите со Панчо и се збогува од него.

Владимир Блажев Панчо им подлегна на повредите од трагичниот пожар во Кочани по 7 месеци, а веста за неговата смрт ја погоди длабоко целата македонска јавност.
Неговите пријатели и колеги се збогуваат од него на социјалните мрежи, а се огласи и Елена Ристеска.
Нивното пријателство датира одамна, беа многу блиски и низ годините соработуваа, но имаа и многу приватни дружби.

Таа објави повеќе фотографии со него и напиша емотивно збогување:
„Ах бре Пане, ме скрши на милион парчиња! Не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина!!! Останаа недоречени многу работи! Не знаев дека волку ќе боли како за роден брат! Ми беше брат кој никогаш го немав!
Со кого сега да се смеам, кога нашите шали само ние си ги разбиравме?! Со кого сега да седам на клупи во маало и да си зборувам со саати?
Од правење друштво во диско дур пушташ музика - до одење на литургија заедно. Спотови, дуети, турнеи, концерти… Се прејадувавме со бајадери додека се возевме.

Се лутевме еден на друг понекогаш како прави брат и сестра. Со жар и возбуда ми ја пушташе секоја нова песна, последно ми пушташе идеи за дует наш со ДНК кој никогаш не го снимивме!
:(((

Со кого сега да споделувам нешто што го имав само со тебе? Ах, Бате мој, „Како да се радувам јас кога те нема?“
До следно видување, таму горе, каде нема вакви неправди и болка“.







М. М. | Црнобело
