Раскошна прослава за прв роденден на девојче во Стојаково, со тема Дизниленд - замок висок 5 метри, торта тешка 26kg и 1.500 балони
- Детали
- понеделник, 22 јуни 2026
Чадори со логото на Мини Маус поставени во базенот, кристални канделабри, панорамско тркало и богата сценографија која изгледа како да е донесена директно од некој Дизни филм. Гостите имаа можност да прошетаат покрај билетара, сувенирница и омилените Дизни ликови.

Викендов, во вила во Стојаково, се одржа роденденска прослава која по својата големина, креативност и впечатливост слободно може да се спореди со најпознатите тематски паркови во светот.

Она што за многумина изгледаше како вистински Дизниленд, беше дело на тимот на Студио Митаноски, кој во текот на два дена посветено работеше на создавање на една уникатна бајковита приказна.

Во центарот на декорацијата доминираше спектакуларен замок висок пет метри, опкружен со повеќе од 1.500 балони, раскошни цветни аранжмани и бројни Дизни елементи кои го претворија просторот во вистински свет на фантазијата.

Гостите имаа можност да прошетаат покрај билетара, сувенирница и омилените Дизни ликови, додека секој агол од просторот беше внимателно осмислен за да создаде незаборавно доживување.
Посебен впечаток оставија декоративните чадори со логото на Мини Маус поставени во базенот, кристалните канделабри, панорамското тркало и богатата сценографија која изгледаше како да е донесена директно од некој Дизни филм.

Над 150 гости беа дел од оваа магична прослава, а централно место зазеде и роденденската торта тешка 26 килограми, која совршено се вклопи во целокупната приказна.

Мајката на славеничката која наполни 1 година, Сана Јованова, со голема емоција зборуваше за целата реализација:
„Секој родител сака да му подари на своето дете ден што ќе го памети засекогаш. Ние го добивме токму тоа.
Кога ја видовме поставката, останавме без зборови. Замокот, балоните, фигурите, деталите – сè беше совршено.
Имаше вистинска магија и атмосфера која не може да се опише со зборови. Гостите беа воодушевени, децата не сакаа да си заминат, а ние добивме спомени што ќе ги чуваме цел живот“.