Летното сметање на времето почнува викендов - Во недела ќе спиеме еден час помалку

Летното сметање на времето почнува во последниот викенд во март, кога часовникот се поместува еден час напред, а трае до последниот викенд од октомври.

letnoto-smetanje-na-vremeto-pochnuva-vikendov-vo-nedela-kje-spieme-eden-chas-pomalku-01.fw.jpg

Летното сметање на времето во 2026 година почнува на 29 март во 02:00 часот, кога часовниците ќе се поместат еден час нанапред, односно - 03:00 часот.

Ова значи дека во недела, 29 март, деноноќието наместо 24, ќе има 23 часа.

Кога се поместуваат стрелките на часовникот нанапред, народот вели и дека „спиеме еден час помалку“ бидејќи и денот е пократок.

letnoto-smetanje-na-vremeto-pochnuva-vikendov-vo-nedela-kje-spieme-eden-chas-pomalku-03.jpg

Целта на менувањето на часовникот од летно кон зимско сметање на времето, и обратно, е да се искористи дневната светлина и на тој начин да се заштеди потрошувачката на енергија.

Во последниве години многу земји апелираа да се укине летното сметање на времето, па поттикнати од тоа, во 2016 година Европската унија покрена иницијатива да се одреди едно време кое ќе биде унифицирано за сите држави на континентот, но безуспешно.

Причината што и понатаму нема договор е што едни земји инсистираат времето да се мери според „зимското сметање“, а други преферираат преку цела година да се задржи „летното сметање“ на времето.

letnoto-smetanje-na-vremeto-pochnuva-vikendov-vo-nedela-kje-spieme-eden-chas-pomalku-02.jpg

Во јавноста со години се дебатира и за тоа дали промената на времето има влијание врз здравјето на луѓето.

Кога се поместуваат стрелките на часовникот, понапред или поназад, многу луѓе се жалат дека не се чувствуваат добро - дека се уморни и дека им се менува расположението.

Медицината нема конкретен став за оваа тема, иако постојат истражувања кои потврдиле дека на организмот му се потребни околу 15 дена за да се адаптира на промената.

letnoto-smetanje-na-vremeto-pochnuva-vikendov-vo-nedela-kje-spieme-eden-chas-pomalku-04.jpg

А. Ј. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Го дочекав моментот фонтаната Лотос пак да работи, ми се врати времето назад. Скопје расцутено, уба... „И после толку години, го видов моментот кога Лотосот пак работи. Мала работа, а...
Ноќеска почнува зимското сметање на времето - ќе трае до март Ноќта кога почнува зимското сметање на времето, добиваме еден час повеќе за спие...
Шеф Никола ослабе 30kg: „Почнав заради здравје, останав заради љубов кон животот“ „Од 116kg на 86.2kg - 30 килограми помалку - 30 причини повеќе да се гордеам со ...
Маја Панчева (52) како да не старее - Прекрасна без шминка, на летување со ќерките во Грција Марија и Надица многу личат на својата мајка, а Маја, пак, делува како за неа, г...
Пере од Нокаут: „Тешко е што денес го испраќаме Панчо, со Андреј оставија нешто што времето нема сил... „Кочани нека не се повтори никогаш повеќе. Цела земја, сите што ве сакаа, нема д...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg