Денес е Св. Фануриј, кој помага во исполнување на желбите - замесете лепче од 9 состојки за среќа

Според народното верување, на овој ден се замесува фанурија, лепче или колач од 9 состојки (не смеат да се ни помалку ни повеќе), за среќа.

denes-e-sv-fanurij-koj-pomaga-vo-ispolnuvanje-na-zhelbite-zamesete-lepche-od-9-sostojki-za-srekja-05.jpg

На 09.09 го славиме Свети Фануриј, великомаченик за кој се верува дека помага во исполнување на желбите.

Овој верски празник најмногу се слави низ Македонија, и во Грција, на Родос и на островот Крит.

За овој светец не се знае скоро ништо, ни во кое време живеел, ни кои му биле родителите, ниту од каде потекнува, бидејќи неговото житие се изгубило.

Според едно предание, кога Османлиите го зазеле островот Родос, почнале со обновување на разурнатите тврдини.

Камења носеле од блиските урнатини, каде откриле остатоци од црква и во неа мноштво икони, сите оштетени, само една била цела и личела како да е скоро сликана, а на неа пишувало Свети Фануриј.

denes-e-sv-fanurij-koj-pomaga-vo-ispolnuvanje-na-zhelbite-zamesete-lepche-od-9-sostojki-za-srekja-03.jpg

Според друго предание мајката на Свети Фануриј била блудница и грешница, а младиот светец го го молел Господ за нејзино спасение и ветил дека ќе им помага на сите што ќе се молат да спасение на неговата грешна мајка.

На иконите, Фануриј е насликан како млад војник кој држи свеќа и крст.

denes-e-sv-fanurij-koj-pomaga-vo-ispolnuvanje-na-zhelbite-zamesete-lepche-od-9-sostojki-za-srekja-04.jpg

Според народното верување, на овој ден се замесува фанурија, колач/погача/лепче од 9 состојки за кое се верува дека носи среќа. Важно е што и да заместите тоа да има точно 9 состојки, ни помалку ни повеќе.

Многумина велат дека не мора ни да мерите конкретно што и колку ставате - сè додека имате 9 состојки, колачот ќе излезе одличен.

Се верува дека тој што го меси лепчето треба да му се помоли на светецот додека меси, а Св. Фануриј ќе ви помогне во исполнувањето на желбата.

За фанурија постојат бројни рецепти. Некои месат класично лепче со семиња, други благ колач.

Еден од рецептите за фанурија, можете да го пробате уште денес:

Потребни состојки:

  • 350g брашно
  • 250ml кисела вода (или Фанта)
  • 250ml сок од портокал (и рендана кора од портокалот)
  • 150g суво грозје
  • 120g шеќер
  • 1 филџанче масло
  • 1 лажиче цимет
  • 1 прашок за печиво
  • 150g ореви

Начин на подготовка:

  • Сите состојки се ставаат во длабок сад и од нив се замесува колачот.
  • Тестото се остава да постои малку, па се премачкува со вода или масло.
  • Се пече на 200 степени околу 30 минути (или додека да биде готов и добие убава боја).

denes-e-sv-fanurij-koj-pomaga-vo-ispolnuvanje-na-zhelbite-zamesete-lepche-od-9-sostojki-za-srekja-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќна порака од наш психолог: „Мислиме среќа е Малдиви и нов автомобил - Среќа е: ‘Не е малигно / Ма... Што мислиме дека е среќа? „Честито нов автомобил“, „Купивме стан“, „Ќе одиме на ...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Денес се слави Св. Архангел Михаил – Ангелот кој одлучува кој ќе биде спасен, а кому му чукнал судни... Православните христијани на 21-ви ноември го празнуваат празникот Свети Архангел...
Раскошната моминска забава на Јована од Свети Николе - со тема бисери и шампањ во вила во Охрид (фот... „Уште на пат до Охрид имавме персонализирани шишенца вода, а кога пристигнавме с...

Најчитани неделава