Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“
- Детали
- среда, 06 август 2025
Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допишувале на Фејсбук, биле на крстарење заедно, и по околу половина година направиле свадба во Македонија, а тој се преселил во САД, но таму започнал хоророт... Дел од исповедта на Дарко за првата сопруга гласи: „Нејзината мајка имала 12 деца, со полубраќа и полусестри и ги има дрогирано од мали нозе. Таа беше зависничка од кристал мет“.

Дарко Јефремов (36) е роден во Ниш, растен во Скопје, школуван во Битола и познат е како Дарко Влогс, некогаш еден од најактуелните и најследени Македонци на Инстаграм, кој го запознавме како забавен камионџија од САД.
Toj сега гостуваше во подкастот на Стефан Лазаров.

Дарко извесен период уживаше во животот во САД со својата втора сопруга, битолчанката Даниела, сосема повлечен од социјалните мрежи.
Со втората сопруга Даниела
Но, неодамна повторно се врати со многу активности (на профилот има 113.000 следбеници), а сега и со посетата на Македонија оствари многу средби и гостувања.
Во подксатот на Лазаров проговори за најтешкиот период од неговиот живот, односно за првиот брак, кога се оженил со Американка која го малтретирала, лажела, била зависник од дрога, а ситуацијата кулминирала и со физичко насилство врз него.

Стефан го најави Дарко Влогс како човекот што постави вистински рекорди во Инстаграм заедницата, човекот којшто и нему и на Мандар им дал рака кога започнувале. Стефан во најавата вели: „Во принцип сè започна од овој човек што го гледате тука“.
Лазаров дури се потсети на времето кога тој имал само 5-6.000 следбеници, а Дарко имал 100.000.

На ова Дарко Влогс се заблагодари од срце и рече: „Конечно некој искрено да каже“.
Дарко зборуваше на многу теми, но најемотивна е искрената исповед за првата сопруга која ја запознал на бродот кај што работел и со која направил свадба во Македонија.
Неговата исповед гласи:
„Кога одите на брод има правила и прописи за работи кои не треба да ги правите, но се случи момент една од гостинките да покаже симпатии кон мене и јас навистина не смеев ништо да правам.
Во разговор ми кажа и дека е родена на ист ден како мене, си разменивме информации и Фејсбук и продолживме да комуницираме.
И на бродот се случи нешто меѓу нас, но јас не тргнав ништо да направам, туку она скокна на мене.
Но, да нагласам во бродскиот живот ова не е дозволено.

По разговорите на Фејсбук, ми беше јасно колку таа полуде со пораки по мене.
Јас дојдов во Македонија и таа ме тераше да одам во Америка.
Постојано се слушавме, гледавме по телефон и пишувавме и јас ја засакав, па ѝ реков ако сакаш јас да дојдам во Америка, мора да направиме свадба во Македонија.
Ова е во кратки црти, бидејќи процесот траеше додека да ги убедам моите да правам свадба, кои се чудеа од каде сега Американка.

Инаку со неа се знаев само од првиот пат кога таа беше на крстарење 7 дена, а после 3 месеци отидовме заедно на крстарење 7 дена, јас земав одмор од капетанот.
Бевме во Мексико, Бахами, нуркавме итн.
Сакавме да бидеме заедно каде било и таа сакаше да живее со мене, но не сакаше во Македонија, па ѝ реков дека ако сака во Америка мора да средиме документи.

