Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“

Сфатив дека бракот ми се распаѓа, документите нема да ги имам, живеев во Мисури во подрумска собичка, супер средена, но по 3-4 месеци ситуацијата ескалираше и она почна да ме тепа.

Јас сум научен на жена да не кревам рака и некако ги преживеав тие работи. Дали сум тепан од жена – да, тепан сум, дали сум дигнал рака на жена – не и нема ни да дигнам, така сум научен.

Видов многу чудни работи од Американците, како тоа дека мојата жена се тепаше со нејзината полусестра, а братот нејзин ме тргаше и ми кажуваше да се тргнам, дека тоа е фер тепачка, а мене не ми беше јасно кај дојдов.

Јас на почетокот молчев, но нејзиното семејство забележа дека не сме во ред и им кажав дека ме изневерува, дека ме тепа, дека се дрогира и мене животот ми е уништен.

darko-vlogs-prvata-sopruga-me-tepashe-izneveruvashe-se-drogirashe-i-mene-zhivotot-mi-beshe-unishten-19.jpg

На моменти беше како друга личност, како ѓавол и јас сфатив дека дрогата не е во ред, но таа веруваше дека е во ред.

Сè беше како на филм, животот ми се распаѓаше и не знаев кој крај да го фатам.

Ама имаше добри луѓе од нејзините браќа, сестри, снаата, видоа што се случува, па ја присилија да се отсели. Јас отидов кај неа и преживував со 20 долари дневно што ми ги даваше, со кои само цигари и две виршли можеш да купиш и толку.

Јас не можев да најдам работа затоа што не ми беа средени документите. Ја молев или да средиме или да ми помогне или да ми даде финансии да се вратам дома.

darko-vlogs-prvata-sopruga-me-tepashe-izneveruvashe-se-drogirashe-i-mene-zhivotot-mi-beshe-unishten-07.jpg

Седев и вртев во круг, без интернет, не сум кажувал дека ме тепа, моите маки ги задржав за себе, затоа што во тоа влегов сам и не сакав никој да се сити.

Јас очекував американски сон, да си играм со децата, да правам деца, да имам куче и маче, а потоа дознав од нејзините и дека не може повеќе да има деца, направила некоја операција.

На крај кога се оставивме и се вратив кај нејзините, ми кажаа дека јас бев искористен за таа да му покаже на бившиот дека може да продолжи со животот. До тој степен, што таа дојде во Македонија, направи свадба за потоа тој да ја моли да се смират.

Имавме моменти кај што љубовта беше реална, но кристал мет предизвикува страшна зависност и зависниците спремни се на сè.

darko-vlogs-prvata-sopruga-me-tepashe-izneveruvashe-se-drogirashe-i-mene-zhivotot-mi-beshe-unishten-17.jpg

На крај завршувам кај фамилијата нејзина и тие ми рекоа „Оди кај адвокатот ако може да ти помогне“. Тој ми рече ќе ми помогне да земам документи врз база на насилство, ако му докажам дека навистина имало.

И ми помогнаа, ме носеа кај адвокатот, во моментот кога се оставивме со неа, јас 6 месеци бев кај нејзиното семејство и им помагав околу куќата.

Во куќата со 3 ката и со толку деца и миленици, јас им помагав со чистење, куќата светеше.

Дојде моментот потоа да си земам возачка дозвола, па станав келнер, па во канцеларија и полека помислив „Ете можам да успеам и да не паничам и да се вратам во Македонија“.

Во тој период моите веќе го дознаа сето ова.

Во еден момент работата ми беше да држам знак на улица за 7 долари од час, па имаш за бензин, за јадење и го чувствуваш американскиот сон, односно дека можеш да успееш.

darko-vlogs-prvata-sopruga-me-tepashe-izneveruvashe-se-drogirashe-i-mene-zhivotot-mi-beshe-unishten-05.jpg Со втората сопруга Даниела

Кога бев во канцеларија на работа, јас ноќна смена, се допишувавме со Даниела и таа ми стана ептен другарка.

Почнав со Фејсбук статуси, мемиња и со таа ноќна работа излезе работата со социјалните мрежи.

Во таа ситуација кружеа многу невистини за мене и не можам да им се налутам на другарите од маало, кои тогаш не ја знаеја таа ситуација, но сега е завршено и толку е.

Им се жалев, но не им кажував дека сум тепан од жена, а тие веруваа цело време дека бракот ми е за документи.

Сето тоа помина, беше во 2012-2013 година“.

Прочитајте и Дарко Влогс со солзи во очите: „Сакав да си го спасам вториот брак, па ја повредив ногата и не можев да возам камион - затоа ме снема“

Инаку, Дарко не пропушта пригода за да изјави колку позитивно на животот му влијаела втората сопруга Даниела, со која ја пронајде среќата и сега живее во Америка.

darko-vlogs-prvata-sopruga-me-tepashe-izneveruvashe-se-drogirashe-i-mene-zhivotot-mi-beshe-unishten-08.jpg

darko-vlogs-prvata-sopruga-me-tepashe-izneveruvashe-se-drogirashe-i-mene-zhivotot-mi-beshe-unishten-20.jpg

Прочитајте и Дарко Влогс се врати на Инстаграм пофит од кога било – го смени изгледот, прослави 3 години брак со саканата

Погледнете го неговото гостување кај Лазаров:

Потсетете се и на гостувањето на Дарко Влогс во 2019-та година во редакцијата на CRNOBELO.com:

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Маја Гроздановска за љубовта со Дарко Панчев: „Собирав негови сликички како дете, го запознав на сви... „Случајно ја видов кафуле во Капиштец, ме заинтригира и јас иницирав да се видим...
Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Сопругата на Бојан Чунде, кој по скок од педалинка во Охрид останал во количка: „Верував дека тој ќе... „Притисок лично јас не чувствував, затоа што јас никогаш не мислев дека тој ќе о...
Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg