Дарко Влогс се врати на Инстаграм пофит од кога било – го смени изгледот, прослави 3 години брак со саканата

Видно ослабнат и со нова фризура – Дарко Влогс објави нови фотки на Инстаграм и покажа дека иако го немаше подолго време на социјалните мрежи, тој останал посветен на физичките активности и на својата трансформација.

darko-010101.jpg

Дарко Јефремов, попознат како Дарко Влогс, подолго време правеше пауза од социјалните мрежи, а вчера (23.10) одлучи да ги изненади своите следбеници и објави фотки со кои ја покажа целосната трансформација на телото, но и имиџот.

Нашиот инфлуенсер, кој живее во САД заедно со сопругата Даниела, вчера го прослави третиот роденден на нивниот миленик Ото, а како што може да се види од објавите на Инстаграм Стори, тие направиле торта и се фотографирале со роденденски капи заедно со него.

darko-vlogs-po-podolgo-vreme-se-vrati-na-instagram-ja-pokazha-ogromnata-transformacija-na-teloto-04.jpg

Со оглед на тоа што Дарко долго време го немаше на Инстаграм, многумина беа изненадени од огромната трансформација на телото, затоа што се гледа дека нашиот инфлуенсер во изминатиот период напорно работел на својата форма.

„Мавни лајк ако планираш да одиш во теретана зимово, за да се спремаме за летото“ – напиша тој до фотките на кои се гледа дека успеал драстично да ослаби и да постигне поголема дефиниција на мускулите.

darko-vlogs-po-podolgo-vreme-se-vrati-na-instagram-ja-pokazha-ogromnata-transformacija-na-teloto-02.jpg

darko-vlogs-po-podolgo-vreme-se-vrati-na-instagram-ja-pokazha-ogromnata-transformacija-na-teloto-03_copy.jpg

Освен тоа, Дарко ја променил и фризурата, па сега носи малку подолга коса во опавче.

Инаку, неговата сопруга Даниела, пред два месеца имаше објавено кратко видео на кое се гледа дека заедно ја прославиле третата годишнина од бракот.

За потсетување, Дарко и Даниела направија свадба на Хаваи во август 2021-ва година, а иако подолг период тој продолжи со снимање видеа и објави на социјалните мрежи, во последната година ненајавено направи пауза и не објавуваше нови содржини.

Прочитајте и Дарко Влогс со солзи во очите за анксиозноста: „Првата сопруга ми беше патолошки лажго - имав тежок период, се гушев“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Дарко Влогс среќен со сопругата на плажа во Северна Каролина - слика напис „Исус“, па гледа огномет,... Дарко Влогс, некогаш нашиот најзабавен камионџија, покрај Андруш, сподели ретки ...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Маја Гроздановска за љубовта со Дарко Панчев: „Собирав негови сликички како дете, го запознав на сви... „Случајно ја видов кафуле во Капиштец, ме заинтригира и јас иницирав да се видим...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава