Сопругата на Бојан Чунде, кој по скок од педалинка во Охрид останал во количка: „Верував дека тој ќе прооди“
- Детали
- среда, 04 февруари 2026
„Притисок лично јас не чувствував, затоа што јас никогаш не мислев дека тој ќе остане во инвалидска количка. Така некако цело друштво имавме некоја идеја дека тоа е привремено и дека тој ќе прооди и сè ќе се врати во нормала како што било претходно“, вели сопругата на Бојан Чонде, Марија, чии родители го сакале и него како свое дете.

Бојан Чунде е од Прилеп, а живее во Скопје, и е човек кој боледува од хемофилија и човек кој на свои 20 години, по скок од педалинка во Охридското езеро, останал инвалид и врзан за инвалидска количка.

Докторите му дале прогноза дека никогаш нема да прооди, но неговите сакани никогаш не сакале да поверуваат во тоа.
Бојан денес оди и е во брак со саканата Марија Чунде, која му била девојка во најтешкиот период.
Марија Чунде сопругата на Бојан била и е неговата најголема поддршка до денес.
Таа искрено проговори за овој емотивен период, кога се појави во подкастот на Лазаров, покрај својот сакан Бојан.
На прашањето од Стефан Лазаров: „Како гледаше на неговата здравствена состојба, имаше ли притисок?“, Марија вели:
„Притисок лично не, јас не мислев никогаш дека тој ќе остане во инвалидска количка.
Така некако цело друштво имавме некоја идеја дека тоа е привремено и дека тој ќе прооди и сè ќе се врати во нормала како што било претходно.

Притисоци не се сеќавам да сум имала во целата таа фаза на закрепнување и не можам да се пожалам.
Можеби нашите другари имале потпрашања од други луѓе коишто нас не ни биле толку блиски.
Тоа не знам, никогаш не ни го кажале.

