Сопругата на Бојан Чунде, кој по скок од педалинка во Охрид останал во количка: „Верував дека тој ќе прооди“
Меѓутоа директни притисоци не, а и не ме интересирало, во принцип и не размислувам што мислат луѓето околу нас, туку како ни е нас.
Тоа ни е фокусот цело време“.
Бојан за периодот кога стапил во врска и бил во количка со Марија вели:
„Првиот ден кога се видовме, по сè што се случи, прво што зборувавме дека ако пробуваме нешто, тоа би требало да е врска, затоа што сè друго би било без везе после толку години другарство да го завршиме за една авантура.
И подоцна јас имав некои прашања, се појавија некои несигурности во мене.
Јас на првиот наш заеднички одмор ѝ раскинав на Марија, така ми беше полесно да се справам со стравот што го имав во мене.
Прво се запрашуваш дали нејзините би ја прифатиле нашата врска. Пред мене ниту еднаш не покажале, ниту искажале дека јас сум поразличен.
Буквално тие мене ми се уште едни родители. Колку што направиле моите родители за мене, толку направиле и тие.
Благослов е да имаш родители, но да имаш уште еден пар, уште едни родители што се грижат за тебе е дупли благослов“.
Кликнете на видеото:
Прочитајте и Бојан Чунде на 20 години по скок од педалинка во Охрид останал инвалид: „Докторот ми кажа дека нема да застанам на нозе“
С. С. | Црнобело
