Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“
Значи после 6-7 месеци муабети, дојде во Македонија, свадба, пајдушко оро, сè по правила и прописи и на сите им беше интересно што она играше ора.
Навистина прекул девојка.
Таа дојде во Македонија на 20 дена. Сè беше тука спремно за свадба. Таа работеше како келнерка и шанкерка и имаше ограничен број слободни денови за во Македонија.
Постоеше искрена љубов, јас и она не гледавме документи.

Направивме свадба и отидов во Америка и дојде ред таму да средуваме документи, адвокат, ама...
Мора да почнеме муабет за дрогата, дрогата е лоша работа, те уништува и треба да побараш помош.
И мора да кажам дека дрога го расипа мојот брак, поточно таа користеше кристал мет.
Мислам дека одлуката парите од свадбата да ѝ ги дадам да бидат кај неа, да ги однесе во Америка, ми беше грешка.
Но, жена ми беше и ѝ верував. Имав доверба во неа и не очекував дека нешто ќе ми се случи.
Таа имаше тежок живот таму како келнерка и шанкерка и затоа и ѝ ги дадов парите од свадбата додека да стигнам.
Мора да нагласам дека таа имаше две деца и тоа го прифатив, бидејќи правевме математики дека ако јас најдам некоја добра работа, тие две деца ќе успеам да ги издржувам.
Они живееја цела фамилија едни до други 12 до 15 луѓе и секојдневно се вртеа децата дали ќе спијат кај нас, дали кај нив.

И доаѓа моментот јас да одам во Америка и еден месец сè беше во ред, сè додека не почна чудно да се однесува, не беше таа таа Кеј што ја запознав.
Полека почнав да дознавам дека ме изневерува, дека сака да се оддалечи од мене, едноставно не беше заинтересирана за средување на документите.
Ситуацијата почна да ескалира.
Мора да нагласам дека јас имав премногу проблеми со моите другари од маало и муабетите „Овој се ожени со оваа поради документи“, значи тој период Даниела (сегашната сопруга) го знае, буквално немаше на кој да се обратам.
Замисли по свадба за 3 месеци забележуваш дека сè ти пропаѓа и на никој не кажував ништо тој период, но почнаа да забележуваат дека ме нема, се изгубив.

Почнав да дознавам вистини за работи за кои што Кеј ме има излажано. Ми имаше кажано дека има 2 деца, она имала 3 деца.
Потоа дека ја оставила дрогата, а всушност она не ја оставила дрогата.
Нејзината мајка всушност имала 12 деца, со полубраќа и полусестри и ги има дрогирано од мали нозе и така ги израснала.
Тоа не го знаев, она прво со мене беше чиста, но мислам дека згрешив со парите што ѝ ги дадов.

