Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години - Кој е Владо Пупиноски?
- Детали
- четврток, 18 јуни 2026

Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се бела Марија“ остави голем белег на нашата народна музичка сцена.

Владо Пупиноски-Пупин, роден во 1981-ва година е синот кој повеќе од 22 години живееше во Америка, но одлучи да се врати и да живее во Охрид со своето семејство.

Роден во Охрид, израснат во музичка фамилија, Владо уште од мали нозе го негува и работи на талентот за музика, насочувајќи се на свирење на саксофон.
Образованието и љубовта кон музиката го носат во Америка.

Неговиот пат кон успехот не е едноставен, но со многу посветеност Владо, полека но сигурно ја наоѓа формулата за успех во Америка.

Заедно со својот другар, македонскиот пејач и поранешен член на групата Браво Бенд, Ристе Тевдоски, ја преработуваат познатата народна песна „Врати се бела Марија“, и ја продолжуваат низата на успешни музички проекти, поготово кога станува збор за песна, која оригинално ја испеал токму неговиот татко, Секула.
