Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песна
- Детали
- вторник, 24 март 2026
„Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жумате е позитивата на векот!“, вели од срце Снеже.

Снеже Велков одлично се снаоѓа во улогата на домаќин на емисијата „Нешто конкретно“, каде прави да ги запознаеме нашите познати личности од една поинаква страна.

Секогаш, со насмевка на лицето и совршен аутфит (да, дизајнерот Дејан Сидор, кој е задолжен за стилизирање на Снеже во емисијата е за секоја пофалба), таа блеска во секое издание.
Плус, спонтана и своја, Снеже се забавува одлично при снимањето на емисиите.

Доказ за тоа е што сними танцувачко видео, од оние како за ТикТок, каде танцува со Цаки од Кисми на неговата песна „Жумате“.
Снеже во описот на видеото напиша:
„Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми!
Благодарам за овој танц!
'Жумате' е позитивата на векот!“
Кликнете на видеото:
Едно од TикТок видеата со песната „Жумате“:
@mrs.ademgr Zumateeee #mpesfypgamw #makedonia #balkan #keşfetteyizzz #fürdich
♬ original sound - 丰★𝓉ℴ𝓀𝒾ℴ 𝒽ℴ𝓉ℯ𝓁★丰
Прочитајте и Знаете кои се „Алпина“ и „Кисми“ и уште 10 докази дека сте растеле во 90-тите
С. С. | Црнобело
