Позира во бикини, ужива со децата – Тамара на снежна идила на Копаоник, од каде објави вирално видео за сингл мајка
- Детали
- среда, 28 јануари 2026
Вежба во теретана дури и на одмор, позира во бикини на ноќно капење во надворешен базен, ужива во времето поминато со децата кои учеа да скијаат – Тамара Тодевска сподели фотки од зимувањето на Копаоник, од каде што го објави видеото со кое навести дека е сингл.

Пред неколку дена Тамара Тодевска објави шеговито видео во кое навести дека дошол крај на љубовта со Лука Радовиќ, со кого беше во врска повеќе од 2 години.
Видеото вирално се прошири додека пејачката уживаше во зимувањето со децата на Копаоник, за кои напиша: „Со нив двајца, до крајот на светот и назад“.
Тамара Тодевска навести дека дошол крај на љубовта со Лука: „Сингл мајка што се состанува одново“

Сега, откако се врати во Скопје, таа сподели низа фотки од зимскиот одмор и покажа дека уживала во снежната идила, во времето поминато со своите најсакани Хана и Дарен, но и со пријатели.
Тамара се пофали дека децата учеле да скијаат, а таа уживала во топли напитоци во бачило, се бањала во надворешен базен, се опуштале во спа и се забавувале на снег.

„Сѐ што треба за почеток на 2026: моите најсакани, нови пријателства, снежна идила Уживајте во цела година“ – напиша во описот на објавата.

Повеќе фотки:







М. М. | Црнобело