Тамара Тодевска за разделбата на родителите: „Се срамев да не дознае некој, а татко ми ми фалеше навечер“
- Детали
- петок, 28 ноември 2025
„Јас бев многу мала, во тој период имав околу 8-9 години кога се разделија. Тогаш не се зборуваше отворено за разводи, разделби, беше табу тема. На почетоците се срамев да го кажам тоа, се плашев да не се дознае. Јас не сум имала трауматични сцени во детството. Најтрауматично ми било што татко ми престанал да спие со мене, да го гледам навечер“ - Тамара искрено зборува за разделбата на родителите, но и за своите модни избори низ годините.

Во подкастот на Лазаров, овој четврток, гостин во „Урок“ на Сергеј Варошлија му беше Тамара Тодевска.
Нашата пејачка дојде во целосно црн стајлинг со впечатливи високи чизми, а заедно со Сергеј ги коментираа нејзините модни избори низ годините.
Од аутфитите во кои ја облекувала мајка ѝ Брана, до ретро комбинациите на почетокот на кариерата, па раперскиот изглед во периодот на „Седмо небо“, но и многу други фестивалски костими и секако евровизиската маестрална креација, а таа му ги подари и евровизиските гаќички на нејзиниот пријател Сергеј.

Освен за модата, тие разговараа и за музичката кариера на Тамара, предизвиците, моментите кога одбила да се гради во Србија, но и приватни разговори поврзани со нејзиниот живот.
Една од поинтимните теми која ја отворија на почетокот, беше разделбата на нејзините родители која се случила кога таа била многу млада.

На една фотографија од младоста, таа вели дека е фотографирана во комшиската куќа во Драчево на татко ѝ Велко, а на прашањето дали разделбата ѝ влијаела вели:
„Ах, па како да не ми влијае разделба на родители. Јас бев многу мала, во тој период пред 30-тина години, имав околу 8-9 години кога се разделија.
Тогаш не се зборуваше отворено за разводи, разделби, беше табу тема. На почетоците се срамев да го кажам тоа, се плашев да не се дознае.
Не ми беше пријатно, како што не е пријатно за ниедно дете. Зависи каков е разводот, дали е трауматичен за децата.
Јас не сум имала трауматични сцени во детството. Најтрауматично ми било што татко ми престанал да спие со мене, да го гледам навечер.
Преку ден, беше професор на академија, јас во таа зграда одам од 3 години, буквално секој ден го гледав.
Нижо музичко, средно музичко, па од другата страна на академија, бев константно со него, ми фалеше само што не е како фигура дома.
Побунтовно реагирав јас. Тијана беше возрасна, имаше 18 години и е 10 години постара од мене.
Во моментот кога јас се раѓам, Тијана пораснува, станува голем човек, затоа што почнува да се грижи за мене.
Од Центар на точак одела по пелени или некое млеко, затоа што немало тогаш на секој чекор како сега, до Ѓорче одела за да купи и се враќала.
Детето пораснало за ден“
Во текот на разговорот Тамара раскажа дека секогаш имала самодоверба во врска со своето пеење и песни, но и дека е горда што речиси сите песни и по 20 години, ден-денес ги пеат и стари и млади.
Таа сподели и анегдота за песната „Тажна љубов среќна песна“, која е еден од најголемите хитови, а кога Роберт Билбилов ѝ ја претставил само музиката, таа воопшто не сакала да ја сними.
Тој ја натерал да му верува, снимила демо, снимката ја испратила кај Игор Џамбазов, па со месеци го чекала да му дојде инспирација за текст, за на крај тоа да се случи на тоалетна школка, кога го напишал текстот на весник, а останатото е историја.
За крај, Тамара вели дека првата песна ѝ била во 2001, а дека планира следната година, по повод 25 години кариера, да направи голем концерт во Скопје.
Погледнете го целосното гостување:
М. М. | Црнобело
