Тамара Тодевска емотивна: „Голем дел од детството го поминав во оваа куќа - домот на баба ми Пава во Србија“
- Детали
- среда, 06 август 2025
„Најубавите спомени ми се од тука. Првите излегувања, првата љубов, пријатели кои постојат и ден денеска. И баба ми, ах таа ми беше посебна љубов. Тооолку ѝ се радував кога доаѓав“, споделува Тамара Тодевска додека престојува во Србија.

Тамара Тодевска се потсети на спомените од детството и на Инстаграм Стори сподели фотографија од куќата на нејзината почината баба Пава, која живеела во селото Црвенка во Србија.

Тамара напиша:
„Голем дел од моето детство го поминав во оваа куќа. Куќата на баба ми Пава во Црвенка, Војводина.
Неверојатни чувства ме обземаат само кога ќе поминам покрај неа.
Најубавите спомени ми се од тука.
Првите излегувања, првата љубов, пријатели кои постојат и ден денеска.
И баба ми, ах таа ми беше посебна љубов. Тооолку ѝ се радував кога доаѓав.
Денес како да беше таму кога поминав, баш пред нејзината капија, да ме чека да пристигнам.
И да останам цело лето.
„Бако, недостајеш ми сваки дан“ (Бабо, ми недостасуваш секој ден)!

Инаку, Црвенка е населено место во северниот дел на Србија. Припаѓа на општината Кула, во Војводина.

Црвенка се наоѓа во близина на градовите Кула и Сомбор и има богата историја и е позната по индустриските капацитети, особено по фабриката за шеќер и фабриката за крофни и грицки.
Населението е мешано: Срби, Црногорци, Унгарци и други националности, а според последните проценки има повеќе од 7.000 жители, но бројот на население константно опаѓа.

С. С. | Црнобело
