„Баба е!“ – изјава што предизвика жестока кавга меѓу Маја Поцевска и Златко Андовски

Во последната епизода на емисијата Нешто конкретно, разговорот на тема убавината, возраста и општествените етикети, прерасна во расправија меѓу Маја Поцевка и Златко Андовски. 

baba-e-izjava-shto-predizvika-zhestoka-kavga-megju-maja-pocevska-i-zlatko-andovski-01.fw.jpg

Кулминацијата се случи кога водителката Снеже Велков прочита прашање во контекст на тоа дали жената, кога ќе добие внука, го губи правото да биде убава.

По прочитаното прашање, Златко Андовски дофрли: „Мислиш баба“, што предизвика остра реакција од Поцевка.

baba-e-izjava-shto-predizvika-zhestoka-kavga-megju-maja-pocevska-i-zlatko-andovski-03.jpg

Таа објасни дека е горда што е баба на својата внука, но нагласи дека тој термин се однесува исклучиво на нејзината улога во семејството.

„За мојата внука сум баба, но за сите останати сум Маја“, истакна таа, додавајќи дека зборот не смее да се користи како етикета што ја поништува жената, нејзината убавина и идентитет.

baba-e-izjava-shto-predizvika-zhestoka-kavga-megju-maja-pocevska-i-zlatko-andovski-02.jpg

Поцевка посочи дека се уште е млада по години и дека нема партнер, но дека тоа не значи дека е остарена или дека треба да ѝ се одземе правото да се чувствува и да биде убава. Расправијата отвори поширока дебата – дали зборот „баба“ во јавниот говор сè почесто се користи со навредлива конотација и дали возраста автоматски ја брише вредноста на жената?

Погледнете го видеото:

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Маја Панчева (52) како да не старее - Прекрасна без шминка, на летување со ќерките во Грција Марија и Надица многу личат на својата мајка, а Маја, пак, делува како за неа, г...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...

Најчитани неделава