Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“

„Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си играла. Ни на крај памет дека еден ден, повеќе од 70 години подоцна, ќе дојде да се слика тука со внуката“, напиша Јелена и сподели фотографија со баба ѝ, пред нејзината куќа во с. Двориште.

jelena-spendjarska-go-poseti-rodnoto-selo-na-baba-i-kukjata-kaj-shto-se-rodila-ushte-se-drzhi-nekako-01.fw.jpg

Водителката и инфлуенсерка Јелена Спенџарска ги помина велигденските празници во родното Берово со семејството.

Таа уживаше со родителите, помагаше низ домот, се дружеше со баба ѝ...  

И дел од овие работи ги сподели на Инстаграм со своите следбеници.

jelena-spendjarska-go-poseti-rodnoto-selo-na-baba-i-kukjata-kaj-shto-se-rodila-ushte-se-drzhi-nekako-04_copy.jpg

Но, најемотивниот момент од празничниот викенд се случи кога Јелена заедно со мајка си отиде да го посети Двориште, родното село на баба ѝ Нада, и да ја види куќата во која таа се родила.

Јелена најпрво објави видео од патувањето дотаму и напиша:

„Денеска одиме во селото каде што е родена баба ми. Сакам да ја видам куќата, ако не е распадната“.

jelena-spendjarska-go-poseti-rodnoto-selo-na-baba-i-kukjata-kaj-shto-se-rodila-ushte-se-drzhi-nekako-04.jpg

По ова, Спенџарска објави и фотка со баба ѝ, направена токму пред куќата.

„Еве ја, уште се 'држи' некако куќата каде се родила и пораснала мојата баба Нада.

Фасцинантно е да можеш да слушаш, но и да сведочиш за едно време, за начин на живот кој веќе не постои, за спомени кои биле толку реални иако поминале гооооооодини и години.

Замислете оваа жена до мене имала соништа токму тука, тука создавала пријателства, плачела, учела, си играла. Ни на крај памет дека еден ден, повеќе од 70 години подоцна, ќе дојде да се слика тука со внуката“, напиша Јелена.

jelena-spendjarska-go-poseti-rodnoto-selo-na-baba-i-kukjata-kaj-shto-se-rodila-ushte-se-drzhi-nekako-02.jpg

На една од фотките е и бабата на Јелена со својата тетка, стара подгрбавена жена облечена во црнина, но водителката сподели и неколку фотки од селото.

jelena-spendjarska-go-poseti-rodnoto-selo-na-baba-i-kukjata-kaj-shto-se-rodila-ushte-se-drzhi-nekako-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Исповед на Јелена Спенџарска: „Си купив стан со свои пари, ми се случија преубави работи, а не знам ... „Јас луѓе си купив стан со свои пари пред неколку години. Значи цел живот сум ме...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...

Најчитани неделава