Тамара Тодевска навести дека дошол крај на љубовта со Лука: „Сингл мајка што се состанува одново“
- Детали
- понеделник, 26 јануари 2026
Тамара Тодевска сними шеговито видео со кое најави дека дошол крај на љубовта со Лука, кој повеќе од 2 години беше дел од нејзиното и од секојдневието на нејзините деца. Сега, таа замина на зимување на Копаоник сама со Хана и Дарен.

Taмара Тодевска повеќе од две години уживаше во љубовта со архитектот Лука, а парот беше секаде заедно, од заеднички патувања со нејзините деца Хана и Дарен до прослави и споделување на моменти од секојдневието.

Во интервју за CRNOBELO.com во јули 2024-та Тамара изјави:
„Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едноставно, а за мене толку привлечно“.



Но, сега пејачката преку шеговито видео на Инстаграм објави дека дошол крај на љубовта со Лука.

Таа на видеото пишува пораки, а нејзината ќерка ја гледа и ја прашува што прави, потоа се приклучува и синот, а во описот стои: „Кога твојата сингл мајка се состанува повторно“.
Децата ја прашуваат што прави, а таа одговара дека пишува пораки.
Комуникацијата продолжува: „Кому?“, а таа одговара „На сестра ми.“


