Тамара Тодевска му честита роденден на Лука, по гласините дека не се заедно: „Те бирам тебе – секогаш“

„Те бирам тебе. Денес, утре и секогаш! Среќен роденден љубави“ – напиша Тамара Тодевска во описот на фотката со саканиот Лука, по гласините дека веќе не се заедно.

tamara-todevska-objavi-fotka-so-luka-po-glasinite-deka-ne-se-zaedno-te-biram-tebe-sekogash-01.jpg

Неодамна Тамара Тодевска објави шеговито видео со кое навести дека веројатно дошол крај на врската со Лука Радовиќ, со кого беше заедно повеќе од 2 години.

Иако двајцата не се огласија отворено на темата, многумина веруваа во гласините, бидејќи заедничките фотографии им беа избришани.

tamara-todevska-objavi-fotka-so-luka-po-glasinite-deka-ne-se-zaedno-te-biram-tebe-sekogash-02_2.jpg

Прочитајте повеќе: Тамара Тодевска навести дека дошол крај на љубовта со Лука: „Сингл мајка што се состанува одново“

Сепак, изгледа љубовта победила, па тие повторно се заедно, а тоа го потврди денешното Инстаграм Стори на Тамара.

Пејачката објави заедничка фотографија со саканиот Лука по повод неговиот роденден, а во описот напиша:

„Те бирам тебе. Денес, утре и секогаш! Среќен роденден љубави“.

tamara-todevska-objavi-fotka-so-luka-po-glasinite-deka-ne-se-zaedno-te-biram-tebe-sekogash-02.jpg

Инаку, во интервју за CRNOBELO.com во 2024-та, Тамара откри дека се запознале преку заеднички пријатели и така спонтано се родила нивната приказна.

За него, таа тогаш рече:

„Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едноставно, а за мене толку привлечно“.

tamara-todevska-mu-chestita-rodenden-na-luka-po-glasinite-deka-ne-se-zaedno-te-biram-tebe-sekogash-.jpg

Прочитајте повеќе за љубовната приказна: Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и моите деца“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Тамара Тодевска навести дека дошол крај на љубовта со Лука: „Сингл мајка што се состанува одново“ Тамара Тодевска сними шеговито видео со кое најави дека дошол крај на љубовта со...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Теа Трајковска со емотивни зборови за Панчо: „Те знаев во срж и благодарна сум на секој наш момент и... „Да знаев дека волку ќе болиш еден ден, пак не би сменила ништо и би одбрала да ...
Тамара Тодевска ѝ ги дупна ушите на ќерка си, Aна Исаиева блеска како некогаш: Што прават нашите ѕве... Моделот Ангела Василевска ужива во Тајланд и се гали со слонови, пејaчката Тамар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg