И Битола блесна во празнична атмосфера – локалците и туристите уживаат во „зимската приказна“ (фото)
- Детали
- петок, 12 декември 2025
Украсувањето на плоштадот во Скопје се очекува на 15-ти декември, а во меѓувреме и Битола блесна со новогодишен сјај - улиците на градот се украсени со светилки и елки, а имаат и божиќен базар во склоп на „Зимска приказна“.

Крива Паланка и Штип се едни од најубаво украсените градови, но своја новогодишна бајка си добија Велес, Охрид, а сега и Битола.
Градот на конзулите блеска со новогодишен сјај, улиците се украсени со многу висечки светилки, а имаат и две големи елки - едната само со светилки, а другата со ѕвезди и снегулки.
Локалците, но и туристите, имаат можност да уживаат во божиќната атмосфера, но и во програмата која е дел од фестивалот „Зимска приказна“, што вклучува и божиќен пазар.
Погледнете повеќе фотки:














M. M. | Црнобело