Нашата манекенка Андријана Илиоска за божиќната атмосфера во Лондон: „Како зимска бајка е, ќе останам подолго тука“
- Детали
- вторник, 18 ноември 2025
„Планирам да останам подолг период. Сакам да ја доживеам празничната атмосфера до максимум. Никогаш не сум видела поубаво место за божиќните празници“ – вели за CRNOBELO.com нашиот интернационален модел Андријана Илиоска, која професионално престојува во Лондон, а ужива во празничната идила и ни пренесе дел од атмосферата.

Андријана Илиоска е наш модел со интернационална кариера, која моментално работи и ужива во Лондон.
Не ѝ е првпат да го посети на подолго овој град, откако претходно по повод Модната недела во Лондон, за првпат професионално, остана неколку месеци во британската престолнина.
Прочитајте и Македонско девојче! Андријана Илиоска учествуваше на 6 ревии на London Fashion Week

Таму таа има повеќе можности за фотосесии, снима едиторијали, учествува на модни ревии, а во слободно време, ужива во магијата на метрополата.

Овој пат за првпат ја искусува магичната божиќна атмосфера во градот, кој веќе блеска со новогодишен сјај и нуди незаборавно искуство со своите божиќни пазари и забавни паркови.

Андријана ни испрати повеќе фотки од празничната идила, а за CRNOBELO.com вели:
„Лондон ја има божиќната атмосфера уште од почетокот на ноември. Сè е осветлено, украсено и навистина се чувствува духот на празниците.

Winter Wonderland во Хајд Парк е огромен божиќен настан каде што има безброј адреналински игри, рингишпили и ролеркостери, забавен парк, штандови за божиќни украси, тезги со различни видови на храна и лизгалиште.
Буквално како мала зимска бајка во срцето на Лондон.

Првпат сум тука за Божиќ и искрено – магично е.
Планирам да останам подолг период. Сакам да ја доживеам празничната атмосфера до максимум.

Никогаш не сум видела поубаво место за божиќните празници. Енергијата е преубава – топла, магична и полна со радост.
Лондон навистина знае да создаде празнична атмосфера“.

Повеќе фотографии кои Андријана ни ги испрати од Лондон:









©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело