Андријана Јаневска прослави 15 години брак – свадбата ја правеле во Имес, денес со синовите уживаат во Барселона
- Детали
- четврток, 19 јуни 2025
Андријана Јаневска објави пред и потоа фотки – една од свадбата со Гино пред 15 години во ресторанот Имес кој веќе не постои, а другата од сега, додека семејно со двата сина уживаат на одмор во Барселона и ја слават љубовта.

Андријана Јаневска и нејзиниот сопруг, Драган Гиновски – Гино, на 18-ти јуни прославија 15 години брак.
По тој повод, пејачката често споделува фотки за да го одбележи денот, а оваа година направи фото-споредба од пред 15 години и денес.
Таа објави една фотографија од нивната свадба, направена во 2010-та година и една направена во 2025-та на истиот ден, во Барселона, а во описот напиша: „Пред 15 години и денес“ и додаде емотикон со четиричлено семејство.

За денот на венчавката, таа избрала венчаница со златести цветни детали по должина на фустанот, вел и бел бидермаер со зеленило, додека пак, нејзиниот сакан е облечен во крем одело со бела вратоврска.
На другата фотографија, парот позира пред Саграда Фамилија во Барселона заедно со нивните два сина, Димитар (роден 2011-та) и Кристијан (роден 2015-та).

Минатата година, пејачката откри каде правеле свадба, кога прославуваа 14 години брак:
„На денешен ден пред 14 години бев невеста. Со Гиновски се венчавме во црквата Св. Димитрија, а игравме оро во ресторан Имес.
Имес не постои, ама ние си тераме“, напиша тогаш на Фејсбук.
Инаку, Јаневска го најави овој одмор на 14-ти јуни, кога на социјалните мрежи објави селфи од аеродром и напиша „Одморчеее“, a потоа објави фотка од плажа.
М. М. | Црнобело