Фифи Јаневска го покажа деколтето во бикини - се спрема за плажа на Малта, по снимањето песна во Македонија
- Детали
- среда, 06 мај 2026
„Подготовки за море“, напиша таа и позираше во златни бикини. Нашата трансродна пејачка Фифи Јаневска откако снимаше во студио со Андријана Јаневска, се подготвува за патување на Малта.

Фифи Јаневска е наша трансродна пејачка која веќе години наназад живее во Стокхолм, Шведска, а сега со Фејсбук Стори во бикини покажа дека се подготвува за одмор на Малта.
„Подготовки за море“, напиша таа и позираше во златни бикини.

Јавноста во Македонија ја запозна со настапите во музичкото шоу „X фактор“, а нејзиното мото е „Не дозволувајте другите луѓе да ви кажуваат кои сте“.

На фотографиите што ги објавува на Фејсбук се гледа дека животот во Шведска навистина ѝ годи, а музиката сè уште ѝ е најголема љубов, иако на извесен период се одделила од неа.

Неодамна, таа повторно влезе во студио со Андријана Јаневска, со која за песна имаат соработувано и во далечната 2014-та година, и сега ја сними песната „Free“ (Слободна).


Таа на својот Фејсбук профил пред тоа најави:
„Дечки, многу сум среќна и возбудена што конечно можам да ви кажам дека по 12 години, овој април влегувам во студио за да работам на нова песна.
„Free“ ја претставува мојата патека кон слободата, будењето и самољубието. Ги напишав стиховите и тие се многу лични. Едвај чекам да ја слушнете!“.

