Ќерката на Павле и Ирина Камилоски наполни 1 година - зимска бајка за Лена, подароци за гостите
- Детали
- среда, 14 јануари 2026
„Толку мала, а голема. Упорна, борец мој. Бељаџика на мама. Куклица моја малечка. Леночка моја. Среќен прв роденден мајкино, те сакаме до небото“, напиша Ирина Камилоска во роденденското видео што го направи за ќерката.

Лена, ќерката на Павле и Ирина Камилоски вчера наполни 1 година.
Пејачот и планинарската ѝ организираа забава во познат скопски ресторан со многу пријатели, дечиња, со семејството, а роденденската тема беше зимска бајка.

Многу бели балони, огромна плишана поларна мечка, „мразулци“ на масата каде што ја дуваа свеќичката на роденденската торта, која беше во истиот стил.
Лена ја облекоа во бело фустанче и венче на главата како вистинска мала принцеза.

А меѓу гостите беа и Александар Тарабунов, Елена Најдоски и Едина Муса, која откри дека си добиле подарок од семејството Камилоски кога си оделе од прославата.
Претходно, Ирина на својот Инстаграм објави видео за да ѝ го честита роденденот на ќерката.

„Девојчице моја мала. Не знаев колку сум спремна да бидам мајка на женско дете, сѐ до оној момент кога Господ ми те даде тебе.
Толку мала, а голема. Упорна, борец мој. Бељаџика на мама. Куклица моја малечка. Леночка моја.
Среќен прв роденден мајкино, те сакаме до небото“, напиша Ирина.

Кликнете да го погледнете видеото:
Повеќе фотографии од роденденската прослава на Лена:






А. Ј. | Црнобело