Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блеска (фото)
- Детали
- петок, 15 мај 2026
Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Марија и Бојан од музичкото дуо Eye Cue стапија во брак - невестата блеска со трудничкото стомаче во венчаница од чипка и сатен, насмеани со младоженецот додека го играат првиот танц, сечат торта и се веселат со гостите.

Марија Ивановска и Бојан Трајковски кои заедно го сочинуваат музичкото дуо Eye Cue се во љубовна врска долги години.
Пред неколку дена тие со забавно видео споделија дека го очекуваат своето прво дете.
По веста за приновата, вчера тие ја крунисаа љубовта и официјално стапија во брак.
На социјалните мрежи, Марија сподели повеќе фотки од нивните блиски кои присуствуваа на веселбата.

Невестата блеска во венчаница со чипка и сатен, која го истакнува трудничкото стомаче, а бидермаерот ѝ е направен од елегантни кали.

Саканиот Бојан, се одлучил за неутрална боја на одело, а двајцата блескаат од среќа додека го играат првиот танц, сечат торта и се забавуваат со гостите.

Погледнете повеќе фотки споделени на Инстаграм Стори:





М. М. | Црнобело
