Марија и Бојан од Eye Cue чекаат прво дете – објавија забавно видео со тест и трудничко стомаче

Живеат долги години заедно, тој ѝ бил најголема поддршка во животот кога нејзините не ја поддржале нивната врска, а сега ќе се остварат во улога на родители - Марија од Eye Cue во забавно видео со Бојан, покажа позитивен тест за бременост и трудничко стомаче. 

marija-i-bojan-od-eye-cue-chekaat-prvo-dete-objavija-zabavno-video-so-test-i-stomache.jpg

Марија Ивановска и Бојан Трајковски се музички љубовен пар кој заедно го сочинуваат и дуото Eye Cue.

Парот кој во 2018-та нè претставуваше на Евровизија, сега објави радосна вест.

marija-i-bojan-od-eye-cue-chekaat-prvo-dete-objavija-zabavno-video-so-test-i-stomache-.jpg

На Инстаграм тие споделија забавно видео со кое открија дека очекуваат принова.

На видеото се гледа како Марија држи тест за бременост и двајцата се „изненадуваат“ од резултатот, но потоа таа станува и го покажува пораснатото трудничко стомаче.

„Eye Cue со нов член? Да не треба уште некој тест?“ – стои во описот на објавата.

Погледнете го видеото:

„Ајдееееееее кој чека ќе дочека и ние еве дочекавмееее! Честиткииииии!!! Јееееј!!!!“ – напиша во коментари Кристина Арнаудова помеѓу многуте други честитки.

marija-i-bojan-od-eye-cue-chekaat-prvo-dete-objavija-zabavno-video-so-test-i-stomache-02.jpg

Инаку, тие ја претставија Македонија со песната „Lost and Found“ и го освоија 18-тото место на полуфиналната вечер.

Марија живее сама од 18 години, а во повеќе интервјуа има признаено дека не добила поддршка за врската со Бојан, кој е 14 години постар од неа, а ја научил на сè во животот откако се осамостоила.

Сега таа со животниот сопатник влегува во ново поглавје и ќе се остварат во улога на родители.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Горан Папаз прослави 4 години брак: „Тоа што година и пол не сме спиеле, не значи дека овие години н... „Те сакам бескрајно! Ти си мојата инспирација, мојата принцеза, мојата симпатија...
Цеце Николова, порасна во дом за деца без родители и денес блеска: „Се срамам од постапките на моите... „На прашањето „Дали некогаш се срамиш од твоите родители?“, Цеце вели:„Уф, многу...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...

Најчитани неделава