Цеце Николова, порасна во дом за деца без родители и денес блеска: „Се срамам од постапките на моите родители“
- Детали
- четврток, 26 февруари 2026
„На прашањето „Дали некогаш се срамиш од твоите родители?“, Цеце вели:„Уф, многу добро прашање! Па, не знам дали се срамам. Не се срамам. Мислам не се срамам од тоа како изгледаат и како живеат, се срамам од нивните постапки...“ Таа вели дека единствена жена која ја чувствува како мајка не е нејзината биолоша мајка, туку мајка Наташа која ја израснала во СОС Детско село.

Цеце Николова е наша новинарка и ТВ водителка во Канал 5 телевизија, но и девојка која храбро говори јавно како за алопецијата, така и за растењето во дом за деца без родители.
Таа е од Велес, но вели дека Скопје го чувствува како свој дом и воопшто не сака да оди во градот каде нејзиниот биолошки татко, со нејзината полусестра, живее и денес.

Таа во декември 2025-та објави и фотографија од детството, кое го поминала во СОС детско село, без нејзините родители.
Тогаш таа напиша:
„Денес само би (с)ѝ рекла дека сѐ е океј, а можеби и многу повеќе од тоа“.
Во тој миг Цеце откри дека се изборила сама за да ги оствари своите соништа и дека зад себе го оставила проблемот со недоволната посветеност на нејзините биолошки родители. И денес таа буквално блеска!

Сега во гостувањето во подкастот „Равенка за успех“ на Маја Поцевска, таа искрено проговори дали се срами од постапките на своите родители.
Маја Поцевска ја запраша: „Дали некогаш се срамиш од твоите родители?“, а на ова Цеце вели:
„Уф, многу добро прашање! Па, не знам дали се срамам.
Не се срамам. Мислам не се срамам од тоа како изгледаат и како живеат, се срамам од нивните постапки.

А не знам колку тие се срамат од своите постапки, со оглед на тоа дека, особено мајка ми, гордо кажува дека јас сум ѝ ќерка и кажува каде јас работам...
И кај неа на работа се гледа Канал 5 телевизија и тоа ми е баш фасцинантно, бидејќи јас, не знам, ај сега да не бидам многу брутална, не знам јас како би реагирала во таква ситуација.

Да, верувам дека она се гордее, но не би го кажала тоа баш така, но ти си мајка и верувам дека оттаму гледаш поинаку на тоа, ама не верувам дека е баш така, искрено.
