Блесна новогодишната елка на плоштадот во Скопје - празнична магија со илјадници светилки (видео)
- Детали
- понеделник, 15 декември 2025
Со празнични песни, балетски точки и интересна програма пред неколку стотина посетитители, блесна новогодишната елка во центарот на Скопје - со ова започна вистинската магија во главниот град.

Вечерва на плоштадот Македонија беше осветлена новогодишната елка, со што Скопје и официјално блесна во празнично руво.

Со балетски точки, музика и интересна програма, осветлувањето на елката на плоштадот се претвори во вистинско шоу и забава за посетителите.

Со ова, главниот град од денес им се придружи на Штип, Охрид, Крива Паланка, Прилеп и Велес кои се украсени веќе некое време.

Светилките и елката во Скопје веднаш создадоа пријатна празнична атмосфера и ветуваат многу магични моменти пред дочекот на 2026-та година.

Откако неколку делови околу центарот на градот веќе беа украсени, со божиќниот пазар и елката на плоштадот, градот потсетува на вистинска празнична бајка.
Повеќе фотографии:







Погледнете ги видеата:
Прочитајте и Новогодишна магија низ Центар – дел од улиците во Скопје украсени со ѕвездено небо, елки и светилки
А. Ј. | Црнобело / видео: Н. Блажевски / фото: Фејсбук