Новогодишна магија низ Центар – дел од улиците во Скопје украсени со ѕвездено небо, елки и светилки
- Детали
- петок, 28 ноември 2025
Ако се движите низ улицата Орце Николов ќе ве следат висечки украси со блескава сина светлина, а како што се приближувате кон боемските улици ќе ве дочека елка и украсени локали - новогодишната магија низ делови од општина Центар во Скопје веќе започна.

Празнична еуфорија започна да се шири низ нашиот главен град, а помеѓу првите украсени општини е Центар.
Улиците низ дел од центарот на градот веќе ги краси голема елка, а дрвјата се обвиткани со светилки во жолта и сина боја.

Некои од уличките во околината на плоштадот се покриени со ѕвездено небо, а висечки украси со сина светлина ја прават магична и улицата Орце Николов.
Уште една елка ги краси боемските улици, каде и дел од локалите веќе ги претвораат своите простори во зимска бајка.

Новогодишната атмосфера годинава изгледа започна порано, а освен чисто Скопје, на сите им е потребна и малку магија и празнична идила.
Видеото кое го објави градоначалникот на Центар:
/М. М. | Црнобело