„Мештани, дома си гнасите“ - Бетика згрозена од ѓубрето во прекрасното село Буково, на 5km од Битола
- Детали
- вторник, 17 февруари 2026
„Бев во село Буково, а ситуацијата со реката катастрофа. Поздрав до сите мештани - средете се малку, дома си гнасите. Прекрасен видиковец, ѓубре насекаде. Koлку си гнасат, а видете каде живеат...“, вели Бети Котовчевска, а сподели фотки и од прекрасниот манастир таму.

Бети Котовчевска од Ресен, позната како Ледената Бетика неодамна беше згрозена од негрижата на луѓето за природата во нејзиниот роден крај, а сега со такви сцени се соочи и при посета на селото Буково, каде откри дека имала совршен љубовен состанок со прошетка во природа.

Таа на својот Инстаграм профил упати апел дека луѓето навистина не се грижат за местата каде што живеат и дека ја нарушуваат убавината, која им е од Бога дарена.
Бети го посети селото Буково, кое е во близина на градот Битола, односно на само околу 5-6 километри од центарот на градот и се наоѓа на надморска височина од околу 720–820 метри.

Селото има само околу 1.125 жители, а таму течат реките Стара Река и Киндарка, а околината е ридско-планинска со чист воздух и поглед кон Баба Планина и Пелагонија.
Во селото има повеќе цркви и манастири, меѓу кои највпечатлив е манастирот „Преображение“.

Објавата на Бети за посетата на Буково:
„Бев во посета на село БУКОВО - ситуацијата со реката катастрофа.
Поздрав до сите мештани што ме следите, средете се малку - дома си гнасите.

Прекрасен видиковец, ѓубре насекаде.

Koлку си гнасат, а видете каде живеат...

